Пакомак со новa донација

Тетово доби нов камион за собирање отпад трет за неполни две години како донација од Пакомак

Компанијата Пакомак продолжува со инвестиции низ земјава насочени кон подобрување на комуналната инфраструктура во Македонија. Деновиве општина Тетово беше дониран уште еден камион за собирање отпад, трет за неполни две години, како и донација во износ од 50% на возило за метење на улици. Предходно беа донирани 40-тина контејнери и 100 дводелни канти за селективно собирање на пластична амбалажа и останат комунален отпад. Со тоа се подобрува комуналната инфраструктура во градот и се придонесува кон подобра хигиена на улиците.

Донацијата во Тетово ја прими Градоначалничката Теута Арифи која се заблагодари за поддршката од Пакомак во справувањето со отпадот и изрази уверување дека со ваква партнерска соработка Тетово набрзо ќе биде град кој одржливо и ефикасно ќе го менаџира својот отпад, вклучувајќи го и отпадот од пакување.

Според Филип Ивановски од Пакомак, Тетово е еден од градовите кој после Скопје, генерира најмногу отпад, а со тоа и отпад од пакување, и дека Пакомак во Тетово гледа сериозен партнер кој и самиот вложува во управување со сметот и отпадот од пакување. Досега дониравме вкупно 3 камиона, 40 тина контејнери и 100 дводелни канти на општината придонесувајќи Тетово да стане град со сите белези на модерен и урбан град. Очекуваме селектирањето на отпадот да стане навика на тетовчани, а за остварување на таа цел имаме поддршка од Градоначалничката Теута Арифи која успешно се фати во костец со горливите проблем на Тетово и има развиено висока свест за екологијата.

И понатаму ќе продолжиме со инвестиции во комуналната инфраструктура низ републикава, и со различни активности за подигнување на јавната свест за заштита на животната средина. Секако тука е важна и улогата на граѓаните, кои треба да дадат свој личен придонес, односно во одделна ќеса да ги собираат пластичните шишиња, лименки и хартија и да ги фрлаат во посебен контејнер, дополнително изјавија од Пакомак.

Пакомак е најпосветениот колективен систем за управување со отпад од пакување во земјава, преку чиј систем се евидентираат околу 40.000 тони амбалажен отпад годишно, од кој дел се рециклира, во земјава или во странство, со што се исполнуваат на националните цели. Над 630 компании се членови во системот на Пакомак, и тоа пред се тоа се општествено одговорни деловни субјекти, кои покажуваат принципиелност во поглед на зачувувањето на животната средина.

Минатата година над 9.300 тони амбалажен отпад кој не заврши на депониии беше однесен на преработка и рециклирање. Оваа година се планира да се собере и рециклира 45% повеќе од минатата година, а за да се задржи растот, неопходна е поголема поддршка од општините, институциите и пред се од граѓаните, кои во нивните домови со селективно собирање на амбалажниот отпад одделно од останатиот, ќе дадат свој придонес, сметаат од Пакомак.

(комерцијален текст)

 

8 јуни 2015 - 17:39