Зошто тоа да го правите еднаш годишно, кога можете со мала инвестиција да го имате сето ова кога ќе посакате во било кој ден од годината? Што ако имате ваше мало прибежиште од секојдневниот хаос и градски метеж, каде ќе можете целосно да се опуштите со лично ваши неколку квадратни метри, со идеална местоположба во чиста средина?
Сега за прв пат имате можност да купите стан во нашиот најубав национален парк Маврово. Еден од 105-те апартмани во новиот комплекс кој е инвестиција на Пелагонија АД Гостивар може да биде ваш, вселив од декември, по цена од 650 евра до 830 евра за м2.
Станбениот комплекс се наоѓа на една од најубавите местоположби во Маврово, на само 150 метри од ски лифтот кој води до ски терените и бачилото. Апартмaните се со одличен поглед кон Мавровското езеро и бујната вегетација и густата шума. Распослан на надморска височина од 1300 метри комплексот нуди исклучителнo планинскo доживување, а домувањето го претвора во идилична комоција.
Апартманите во комплексот се со квадратура од 30 до 50 м2, а целиот објект е направен по највисоки стандарди, енергетски е ефикасен, а има и своја трафостаница. Апартманите се опремени со високо квалитетен ламинатен паркет Кронтекс произведен во Германија и високо квалитетни увозни керамички плочки. Станбениот комплекс има 5 типови на апартмани распоредени на 5 ката. Изложеноста на апартманите во зависност од големината и позиционираноста може да биде кон езерото или кон планината, така што секоја страна и секој агол од комплексот нуди поглед во бескрајот на природната убавина. Еднособните станови вклучуваат кујна, дневна соба и бања, а останатите вклучуваат дневна соба, спална, бања и кујна.
Придржувајќи се кон принципот на комплетна услуга и работејќи по методот на дизајн, изведба и уредување до “клуч на врата”, идните сопственици на овие станови ќе добијат целосно опремен дом со сите неопходни елементи и содржини, освен финалното опремување на домот со мебел.
Мавровското езеро претставува вистински бисер во националниот парк и општината. Плени со својата убавина, посебно кога се гледа од скијачките терени на Бистра. Покрај риболовот, на езерото се нудат можности за кампување и прошетки. На територијата на Националниот парк Маврово се наоѓаат голем број патеки кои можат да се користат за пешачење и планински велосипедизам. Оваа најпозната рекреативна населба е центар на случувањата во текот на сите периоди од годината, нудејќи можности за зимски и летни спортови и рекреативни активности.
Сите љубители на планинскиот туризам, сите обожаватели на природните богатства, сите авантуристи што своето прибежиште го наоѓаат во убавините на Македонија, сега ќе имаат одлична можност да уживаат во текот на целата година, далеку од градскиот метеж.
За повеќе информации посетете ја веб страната на комплексот www.stanovimavrovo.mk или пак фејсбук страната https://www.facebook.com/stanbenkompleksMavrovo/
(комерцијален текст)