Нам омилени ни се вкусните, меки штрудли на Винчини направени по традиционален рецепт. Штрудли со џем од смокви, џем од вишна или микс од овошје, десерт што го собира целото семејство на купче.
Направени од врвни состојки, Винчини штрудлите се совршен десерт што се топи во уста. Семејно пакување кое нуди вкусно доживување, благодарение на врвниот процес на изработка. Македонскиот рецепт за штрудли е усовршен во фабриката Макпрогрес и така префинети и вкусни штрудлите Винчини стигнуваат до македонските потрошувачи, како и до полиците во продавниците ширум светот. Винчини штрудлите се деликатесен десерт кој поради мекоста, фината текстура и неодоливиот вкус се еден од првите избори за македонските купувачи.
(комерцијален текст)