Фејсбук статус + 2 скриншота од Павле Богоевски:
Чудно, ама во соопштението на СДСМ кое го објави Богдан Илиевски како да има една точка повеќе од она кое го објави СДСМ.
Не знам, споредете ги сами објавата на Боби и соопштението на СДСМ. И одговорете си сами на себе дали еден уберпатриот како него треба да "води револуција" за одбрана на државата со вакви, ниски и ефтини лаги.
Најискрено Боби, не знам дали ти си направил фотошоп и ја лажеш цела јавност, или ти го спремиле од партија и те лажат тебе.
Како и да е, не знам што да ти кажам. Тажно.
*****
Фејбук статус + два скриншота од Богдан Илиевски:
Пајо Bogoevski, точно е дека јас неам потреба да употребувам фотошоп за разлика од некои луѓе кои ги знаеш за да калјам некого.
Точно е дека платформата на која е качена твојата коалиција е таа која бара „отворање дебата“ (која еден ден чим се отвори ќе треба и да се затвори) за знамето, името, химната, грбот.
Точно е дека партијата со која си во коалиција го променила и името и знамето.
Точно е дека лидерот на твојата коалиција напати најавил виткање на кичмата за прашањата од национален интерес (за да не се скрши, нели).
Точно е дека не ја чув изјавата на Заев туку ја прочитав, се скинав од смеење и го објавив ова.
Точно е дека тој не ги изговара овие зброви кои се подвлечени.
Точно е дека ако го отвориш фолдерот СЕНТ на прес-центарот на СДСМ ќе видиш соопштение пратено во 15:05 од кое е направен принт-скринот погоре, во кое стои се она што е заокружено, како лапсус лингва или фројдијанска грешка :)
Точно е дека 3 минути подоцна прес центарот праќа корегирано соопштение без лапсузот.
Точно е дека е тажно да помислиш дека јас би фотошопирал фејковачи, кои се специјалност на некој друг.
Точно е дека ова шо ти го пишувам може да ти го потврдат СИТЕ медиуми во Република Македонија.
Точно е дека... избрза :)Не е точно дека ова е тажно, ова е напротив многу смешно :)
Јбг, им се дешава дури и на најдобрите.
/за оние кои не знаат - ова е одговор на статусот на Пајо