Арс студио дел од 29. меѓународен саем на книга

Од вторник, 4. април започна еден од најпосетуваните настани во земјата 29. Меѓународен саем на книгата, каде љубителите на книгата можат да уживаат во многубројни нови изданија и промоции.

Со уште една нова приказна штандот на АРС СТУДИО е присутен на Саемот на книгата, хала 1, каде што ќе може да ги најдете најновите изданија на светски познатите и признати книжевни дела од видни автори, како и на најпознатите наслови од областа на психологијата, историјата и филозофијата, преведени на македонски јазик.

Со секојдневна програма, тимот на АРС СТУДИО креираше агенда со која се погрижи сите љубители на книгата и верни читатели да уживаат во промоции и панел-дискусии од различни области.

Денес од 14 часот, во Промотивниот центар во хала 2, ќе се оддржи првата промоција на насловот ЗДРАВИ И ВИТИ од Харви и Мерилин Дајмонд, кои успеаја да направат револуција во начинот на размислување на луѓето во однос на исхраната. Заедно со нашиот промотор, признатиот нутриционист, г-ѓа Тања Турунџиева, која ги постави основите на здравиот начин на живот во Македонија, ќе се запознаете со оваа програма за поздрав и попродуктивен живот, како и со најновите рецепти за здрав начин на исхрана.  Сите оние што сакаат да научат нешто повеќе за правилниот и здрав начин на исхрана и да ги откријат тајните за одличен почеток на патот кон здравјето, ги покануваме да бидат дел од првата промоција, за сите што ќе присуствуваат на промоцијата ги очекува свежо изненадување за поубав ден.

Сите љубители на пишаниот збор ги покануваме да бидат дел од уште една од нашите промоции, на 5 април 2017, среда, со почеток во 15 часот, во Промотивниот центар во хала 2, кога за првпат пред нашата читателска публика ќе биде промовиран насловот Приказни за ѓаволот од академик Митко Маџунков, раскажувач, романсиер, драмски автор, есеист - добитник на повеќе книжевни награди и признанија.

Ве очекуваме на изложбениот штанд на Арс Студио на Скопски саем во хала 1 .

(комерцијален текст)

4 април 2017 - 13:17