Под мотото „Под исто светло“, А1 ја продолжува поддршката на еден од најзначајните културни настани во земјата и на фестивалот кој ја слави уметноста на кинематографијата и авторите зад филмската камера.
„Со особено задоволство втора година по ред ја продолжуваме поддршката на фестивалот ‘Браќа Манаки’, кој има исклучително значење за македонската култура и меѓународната афирмација на филмската уметност. Оваа година, под мотото ‘Под исто светло’ ја нагласуваме моќта на филмот да ги поврзува луѓето, различните генерации и култури преку универзалниот јазик на сликата и емоцијата. За А1, ова партнерство претставува вложување во креативноста, автентичните вредности и искуствата што остануваат“, изјави Бранкица Толевска, раководител на бизнис трансформација, корпоративна стратегија и корпоративни комуникации во А1 Македонија.
Партнерството е дел од заложбата на А1 да ги поддржува културата, креативноста и настаните што ги поврзуваат луѓето преку заеднички вредности и автентични искуства. Во текот на фестивалската недела, Битола повторно ќе биде место на средби меѓу истакнати автори, филмски професионалци и љубители на седмата уметност.
Со поддршката на фестивалот, А1 Македонија придонесува магијата на филмот и врвните остварувања на светската кинематографија да бидат поблиску до публиката.
(Комерцијален текст)