Сумата е потрошена на купување виртуелни пари во рамки на игрицата „Sonic Forces“, кои потоа се трошат во игрицата за купување најразлични помагала за нејзино побрзо завршување.
Трошењето пари почнува во јули, па така само на 9 јули детето купило 25 „пакетчиња“, секое по 99 долари, со вкупна вредност од 2.500 долари.
Кога дознава колку пари се потрошени мајката веднаш ја контактира својата банка од каде и кажуваат дека трансакциите се легитимни и дека за тоа треба да го контактира Епл. И во Епл ги потврдуваат трансакциите, меѓутоа одбиваат да и ги вратат парите бидејќи биле легално потрошени и не станува збор за измама.
Тоа што не е јасно е како родителите на детето порано не дознале за трошењето пари, имајќи предвид дека за секоја наплата Епл испраќа меил до корисникот, плус банката сигурно нуди некаков вид на известувања за потрошените пари.
На сметка на родителите оди и тоа што никогаш не ставиле ограничување на својата Епл сметка да не може да се наплаќа од нејзе без дополнителен пасворд.
Иако ја признава вината околу пропустите кои довеле до минусот од 16.000 долари, мајката објаснува дека самата игра е направена да прелажува и заработува од деца „бидејќи никој возрасен не би потрошил 100 долари на сандак виртуелни златни парички“.