Кој тоа ѕирка преку камерите на смартфоните? Изгледа пак Фејсбук

Тужба поднесена против Фејсбук обвинува дека компанијата наводно ги шпионира корисниците на Инстаграм, овој пат преку недозволено користење на камерите на нивните смартфони.

Ова се базира на извештаите од јули годинава дека Инстаграм наводно пристапува на камерите на Ајфон дури и кога тие не се користат активно.

Фејсбук негираше дека ова е намерно и целата вина ја префрли на баг, кој наводно активирал лажна нотификација дека Инстаграм пристапувал до камерата на Ајфон.

Меѓутоа според тужба што беше поднесена во судот во Сан Франциско, оштетените корисници тврдат дека апликацијата намерно ја користела камерата и тоа со цел да се соберат „профитабилни и вредни податоци за корисниците до кои инаку не би имала пристап.“

„Преку собирање на екстремно приватни и интимни лични податоци за нивните корисници, вклучително и во приватноста на нивниот дом, Инстаграм и Фејсбук се во позиција да стекнат вредни инсајдерски информации и податоци,“ се наведува во тужбата.

               

21 септември 2020 - 13:02