Ова значи дека повеќе не мора копате по библиотеки и да читате огромни томови за вашиот труд, туку дека ќе може да користите твитови и технички тоа да се смета за академска референца.
Modern Language Association, организацијата која е посветена на изучување на литературата и модерните јазици (и која ги поставува форматите што треба да ги следат универзитетите низ целиот свет), веќе направи и правилник за цитирање на твитовите.
"Почни го текстот со вистинското име на авторот, и во заграда, корисничкото име, ако двете се познати и се разликуваат. Ако го имаш само корисничкото име, тогаш наведи го само него. Потоа целиот текст на твитот објaви го во наводници," стои во упатството на Modern Language Association.
Како пример тие го даваат твитот, кој прв во светот спомна за акцијата за апсење на Бин Ладен. Според правилата, вака треба да изгледа еден академски твит:
Athar, Sohaib (ReallyVirtual). "Helicopter hovering above Abbottabad at 1AM (is a rare event)." 1 May 2011, 3:58 p.m. Tweet.