Американските и европските инвестиции во Кина во голема мера се канализираат преку офшор инстанци поставени од кинески компании во даночните оази. Според новообјавено истражување, странските инвестиции во Кина се многу поголеми отколку што ги регистрира официјалната статистика.
Американските и европските инвеститори во акции и обврзници издадени од офшор кинески компании како Алибаба Груп Холдинг и Тенсент Холдингс кон крајот на 2020 година достигнале 1,4 трилиони долари, покажува проценка на истражувачи од Колумбија и Стенфорд.
Тоа е речиси три пати повеќе од износот што инвеститорите од ЕУ и САД го поседуваат директно во компании регистрирани во Кина.
Податоците ја покажуваат длабочината на финансиските врски меѓу втората по големина економија во светот и големите развиени економии, што го прави проблематично секое евентуално раздружување по таа оска. Тие врски исто така значат дека странските компании се повеќе отворени кон Кина отколку што досега се мислеше.
Новата слика покажува дека ќе бидат залудни обидите за регулација на глобалните даночни оази без дa се земат предвид интeресите на големите кинески играчи во нив.