Ваквото сценарио со глобална рецесија за неполна година е многу веројатно ако Трамп воведе 25% такси на дополнителни 300 милијарди од кинескиот извоз и нивните партнери, предвидуваат економски аналитичари на Стенли Морган.
Во одвоена анализа, економистите на ЈП Морган Чејс проценија дека веројатноста за рецесија кон крајот на оваа година веќе е зголемена на 40%. Само пред еден месец изнесуваше 25%.
Потенцијалот за пазарно забавување веќе е видлив преку ослабување на мануфактурата ширум Азија.
Морган Стенли им порачуваат на своите клиенти дека доколку конфликтот продолжи, растот ќе биде забавен заради зголемените трошоци, намалената побарувачка и очекувањето компаниите да кратат во делот на капиталните трошоци. Нивниот главен економист предвидува дека глобалниот раст до крајот на оваа година ќе оди под очекуваните трендови.