Кога една земја членка би сакала да го напушти еврото, таа би требала ја воведе новата валута уште следниот ден, по курс 1 спрема 1, ама 6 месеци да го задржи еврото за мали плаќања.
Пред ова високите функционери на земјата што излегува од Еврозоната, би требало во тајност да се сретнат со клучните луѓе на ЕУ барем еден месец пред објавувањето на одлуката. По ова, на три дена пред објавувањето на одлуката, тие треба да ги информираат и останати членки на ЕУ и меѓународните организации за излегувањето.
На примањето на наградата, победникот Роџер Бутл, изјавил дека очекува Грција до крајот на годината да го напушти еврото.
За наградата од 250.000 фунти имало околу 400 пријавени предлози.