
Шмит е еден од најбогатите луѓе на Америка, кој на времето ги зема под свое основачите на Гугл и им помага да ја кренат компанијата во она што е денес, а за возврат доби сериозен број акции од компанијата и е еден од најголемите акционери.
Тој и семејството уште во октомври ја завршија процедурата за добивање (купување) кипарски пасош.
Со новиот пасош тие ќе можат без никаков застој да патуваат низ ЕУ, и уште поважно ќе имаат поповолен даночен режим отколку во САД.
Кипарскиот закон дава можност странски државјани да се стекнат со тамошен пасош откако ќе инвестираат 2 до 3 милиони долари во земјата, што може да биде и купување некоја недвижност. По ова, кипарските власти прават уште некои проверки на кандидатот и со него имаат најмалку една средба „во живо“.
Нето вредноста на Ерик Шмит е 17 милијарди долари, а уште додека беше ЦЕО, па потоа и во бордот на Гугл, тој беше еден од луѓето што се залагаше за компанијата да плаќа што е можно помалку даноци.
Од 2013 до денес Кипар има издадено околу 4.000 вакви државјанства, речиси сите (со чат-пат некој исклучок) на руски државјани.