Затоа што парите се само бројки...

Плата за три светови

Има компанија што се вика Сноуфлејк и се занимава со продажба на клауд сервиси. Сноуфлејк е толку добра во тоа што го прави што нејзиниот ЦЕО стигна месечна плата од 95 милиони долари.

Кормиларот на оваа компанија е Френк Слотман, под чие раководство Сноуфлејк во септември излезе на берза, пред некое време објави одлични резултати за третиот квартал, а вредноста на акциите им е порасната за 200%.

Платата на Слотман е договорена уште во април 2019, повеќе од една година пред излегувањето на берза и воопшто да има претстава како ќе реагира пазарот на тоа.

Слотман има основна плата од 375.000 долари годишно плус во договорот добива пакет од 13,7 милиони акции од Сноуфлејк, по тогашна цена од 8,88 долари за акција. Акциите на Слотман му се исплаќаат на рати, а последната рата ќе биде во 2023.

Моментално цената на акциите на Сноуфлејк е 373 долари по акција, па ако остане оваа сума тоа значи дека на крајот од договорот во 2023 пакетот на Слотман ќе има вкупна вредност од 4,5 милијарди долари.

Сличен договор, но далеку помал, има и финансовиот на компанијата, чија месечна плата, според сегашната цена н акциите, е 25 милиони долари.

Вредноста на Сноуфлејк по излегување на берзата порасна од 3,5 на 96 милијарди долари.

7 декември 2020 - 15:59