Првиот графикон од објаснувањето го покажува растот на мобилните уреди и интернетот:
- број на Ајфон корисници, кој блесаво расте
- број на Нетфликс претплатници, исто така во константен раст
- број на претплатници на дајл-ап на АОЛ, во постојан пад
Вториот дел од објаснувањето е ширењето на мобилното видео. Ова Веризон го има како потврден податок бидејќи компаниските бројки покажуваат дека над 100 милиони мобилни претплатници гледаат видео содржини, и тоа многу. По нивни статистики корисниците кои го користат новите пакети за претплата имаат раст на потрошувачката на интернет од 54% од година во година.
И по бројки на Циско, глобалниот мобилен видео сообраќај се очекува да порасне на над 17 ексабајти (17,8 милиони терабајти) месечно до 2019-та, во споредба со 1,4 ексабајти (1,46 милион терабајти) месечно од 2014-та.
Овие две точки се извадени од одговорот на ЦФО-то на Веризон, Фран Шаммо, на прашањето околу зголемената конкуренција и се пониските цени на мобилниот интернет:
"Клучно за ова е да се развијат други екосистеми и да се создаде поголема монетизација околу корисниците, без разлика дали е претплата, пеј-пер-вју или адвертајзинг модел. И тоа е она на што ние се концентрираме"