На второ место е консултантската компанија за данок и ревизија, КПГМ, по неа доаѓа Проктер и Гембл, на четврто е Микрософт, а на 5-то место е уште една финансиска компанија - Делојт.
Поредокот на листата го изместија токму Проктер и Гембл и Микрософт, кои влегоа во првата петорка на сметка на падот на 6-от и 7-от Ернст и Јанг и ПрајсВотерхаусКуперс. Топ 10, го комплетираат Ј.П. Морган на 8-мо, Кока-Кола на 9-то и Голдман Сакс на 10-то место.
Списокот се базирана одговорите на 144.000 студенти по бизнис од 12 најголеми светски економии.
Ист ваков список е направен и за студентите по компјутерски науки. Таму единствено изненадување во првите 5 е БМВ кое се наоѓа на 4-то место. Останатите, по редослед се: 1. Гугл 2. ИБМ 3. Микрософт и 5. Интел. Епл се најде на 8-то место зад Џенерал Електрикс и Сименс а пред Сони и Проктер и Гембл.