
УПС веќе почна построго да ги спроведува правилата за подигнување пратки од поголеми компании како Најк и Гап, кои сега ќе мора стриктно да се држат до договорените димензии на пратките, а планот е и со оваа група на „муштерии“ да се разговара и за префрлање на испораката на нивните нарачки во денови со помала гужва, како викендите.
Сепак и ова не им е решение, туку повеќе ублажување на проблемот со дефицит на комбиња што моментално го имаат и УПС и Федекс.
Како што навалата на купувачи не беше очекувана од огромните он-лајн продавници така оваа изненаденост се пресели и кај компаниите што требаа да ги направат испораките.
Блумберг објавува дека курирските сервиси моментално се обидуваат да го купат или изнајмат секое комбе до кое можат да стигнат, проблем кој е само надополнет со застоите во производство во авто-индустријата предизвикани од пандемијата.