Иако концептот постои уште од 19-от век, прилагоден на интернет ерата го има од 2012 година кога го започнаа двајца швајцарски претприемачи кои за глобално проширување на идејата мораа да почекаат неколку години.
Станува збор за еден софистициран облик на стокова размена: наместо некому да му плаќаш пари за завршената услуга, му даваш временски кредити со кои тој може да добие сервис без плаќање од некој друг.
Се вика Time Republic, гласи за „временска банка“ и имаат преку 100.000 корисници.
Нивниот вебсајт е бесплатен за користење. Корисниците кои нудат услуги и сервиси заработуваат „временски жетони.“ Еден жетон е 15 минути за работата која ја нудите, без разлика дали е тоа косење трева или давање онлајн часови. Едноставно, се огласува што се нуди и колку тоа трае во временски жетони.
„Сакавме да се оттргнеме од голите финансиски трансакции и да најдеме нешто што ќе создава врски меѓу луѓето бидејќи само преку нив може да се добие и заслужи доверба,“ вели ко-основачот Габриеле Донати.
Самата компанија заработува така што ги продава своите услуги на компании кои потоа тие им ги нудат на своите вработени преку компаниските веб сајтови.
Имаат време на претек.