Kатаклизмата на Фејсбук беше победа на капитализмот

Вака на работите гледа Мајкл Блумберг по кој тоа што Мета/Фејсбук за еден ден изгуби вредност од 250 милијарди долари е доказа за супериорноста на пазарните и берантски механизми по кои никој, колку и да е моќен, не секогаш е сигурен.

„Беше тоа лош ден за Мета и нејзините инвеститори но добар дена за капитализмот“, пишува милијардерот Мајкл Блумберг, некогашен градоначалник на Њујорк и кандидат за претседател на САД.

Зборува за денот во кој откако за првпат во историјата на компанијата, кварталните извештати забележаа пад на дневните активни корисници на Фејсбук, акциите на Мета паднаа за рекордни 26% а берзантски испари пазарна вредност од 250 милијарди долари.

Овој пад на Фејсбук јасно сигнализира дека веќе не е надмоќен во трката со конкуренцијата. ТикТок ги грабна младите а дел од колачот земаат и Снеп, Дискорд, Јутјуб, Твич и други. Едноставно, Фејсбук, слично како Мајспејс некогаш, го губи својот сексипил.

Фејсбук и натаму командува со една четвртина од дигиталниот маркетинг но и тука битката е жестока со Гугл и Амазон, а влегуваат и нови играчи како Волмарт и Таргет.

„Токму немилосрдната конкуренција која владее е причината поради која ИТ секторот цвета“, тврди Блумберг.

Тој сектор во САД денес вработува 7 милиони луѓе кои имаат плати повисоки од просечните а создаваат околу 10% од бруто домашниот производ.

Во американскиот Конгрес се тркалаат дузина анти-монополски иницијативи чија идеја е технолошките гиганти да станат регулирани компании но темпото на политиката не успева да држи чекор со темпото на реалноста.

Федералната комисија за трговија, на пример, уште се бави со спорните аквизиции кои Фејсбук ги реализираше пред скоро десет години.

Пазарот покажа дека технолошките компании не се неранливи, како што ги направија некои политичари. Урнисувањето на Фејсбук е реален пример како изгледа она што економистот Џозеф Шумпетер го нарекуваше „бура од креативна деструкција.“

„Болно е за индивидуални инвеститори но за земјата тоа е знак на напредок“, смета Мајкл Блумберг.

5 февруари 2022 - 20:43