Во 8-те дена бомбардирање, уништени се 200 домови, а околу 8 илјади се оштетени. Во бомбардирањето се уништени 42 нерезиденцијални објекти, меѓу кои седиштето на владата на Хамас, 3 џамии и канцелариите на неколку локални и меѓународни медиуми.
Директната и индиректната штета од бомбардирањето Хамас ја проценува на околу 1,2 милијарди долари. Тамошната стопанска комора на оваа бројка додава дополнителни 300 милиони долари заради штетите на земјоделскиот, здравствениот и општествениот сектор.
Во целата интервенција има 174 жртви, од нив 168 се Палестинци а 6 се Израелци.