Вкупните приходи што Фајзер ги очекува за 2022 изнесуваат рекордни 102 милијарди долари, што би му дошло дека ковид-19 пандемијата му носи на Фајзер повеќе пари отколку сите останати болести на светот.
Поделбата на ковид парите се пресметува дека ќе биде 32 милијарди од вакцината на Фајзер, и 22 милијарди долари од анти-виралниот Паксловид. До сега само во САД вакцината на Фајзер е дадена над 319 милиони пати (вклучително и 50 милиони дози бустер).
Прогнозите на Фајзер се дека побарувачката за вакцини против ковид со тек на време ќе избледи, меѓутоа ќе расте побарувачката на анти-вирални третмани. Фајзер очекува дека вирусот нема целосно да биде искоренет во скора иднина бидејќи е тежок да се запре, се знае дека мутира, а прележувањето не придонесува за долгорочна заштита која е неопходна за спречување на пренесување и мутации.