Епл продава повеќе часовници од цела швајцарска индустрија

Добрата вест за швајцарските производители на часовници е дека тие го најдоа својот сегмент на купувачи каде се раат од заканата од Епл и дека продажбата на Епл часовници бележи пад за 16%. Лошата вест е дека насловот и понатаму е точен.

Анализата на Морган Стенли покажува дека швајцарската индустрија за часовници изминатава деценија значително се фокусирала на поскапи модели, кревајќи ги цените за да надоместат за намалениот обем на продажба.

Иако е намалена продажбата од претходно, моментално Епл продава повеќ часовници за еден квартал отколку што целата швајцарска индустрија продава за една година.

Во анализата се објаснува дека продажбата на смарт часовници го достигнала плафонот и дека нејзиното влијание во иднина ќе се намалува, и дека под закана се само уште неколку брендови како Тисо и Радо. Нивната процена е дека вкупната стапка на раст на швајцарската индустрија за часовници полека ќе стигне до 7% годишно, што е отприлика исто колку и за останатиот сектор за луксузни стоки.

Во 2022 извезени се швајцарски часовници во вредност од 28 милијарди долари, а за годинава се очекува извозот да се зголеми за околу 1 милион парчиња, од кои најголем дел ќе биде од Мунсвоч, соработката меѓу Омега и Своч.

8 мај 2023 - 11:05