
Американската компанија во изминатото тромесечје забележа минус од преку една милијарда а приходите почнаа да им растат со едноцифрена а не со двоцифрена бројка, како што тоа досега редовно беше случај.
На годишно ниво бројките сè уште им се добри, околу 40% подобри од претхдоната година.
Како приватна фирма, Убер не е должен да објавува финансиски извештаи но го прави тоа заради намерата догодина да излезе на берза, На почетокот на оваа година проценките велеа дека Убер вреди 72 милијарди долари што ја прави една од глобално највредните фирми. По некои последни проценки, јавната понуда може да ѝ донесе цена и од 120 милијарди долари.
Растот на трошоците се должи на освојувањето нови пазари бидејќи Убер реши да се повлече од оние каде што хронично бележеше дефицит, како што е рускиот, кинескиот и пазарот на југоисточна Азија.
Во меѓувреме компанијата го шири портфолиото на своите услуги па се занимава и со доставување храна, карго, изнајмување велосипеди и скутери и друго.