Во рок од 7 дена Боно загуби вкупно 342 милиони долари, откако оригиналната цена на акциите на ФБ падна од 38 на 32 долари.
Боно преку неговата компанија Elevation Partners поседува околу 2,3% од ФБ, кои во 2009-та ги купија за 90 милиони долари. На првиот ден од излегувањето на берза, овие акции вредеа 2,19 милијарди долари.
Минатата недела Боно во неколку наврати се трудеше да објасни дека не е најбогатиот музичар на светот.
"Наспроти извештаите не сум милијардер, ниту ќе бидам побогат од кој било Битлс, тие извештаи се смешни. Во Елевејшн ние инвестираме пари на други луѓе (нивните заштеди или пензии)," изјави Боно за MSNBC.