Словенка си ја отсекла дланката за 1 милион евра

Јулија Адлесиќ требаше да наплати осигурување од 1 милион евра откако (како што сега се разбра) си ја отсече дланката заради парите. Наместо тоа таа заврши со 2 години казна затвор.

22-годишната Адлесиќ од Љубљана највистински и најнамерно си ја отсекува дланката, откако една годна претходно се осигурува на пет различни места.

Адлесиќ и неколку нејзини роднини беа уапсени во 2019 кога пристигнале во болница со дланката отсечена над зглобот. Тие ја носат Јулија во болница со приказна дека си ја отсекла раката додека сечела гранки.

Освен 2 години затвор за Адлесиќ во затвор на 3 години (но со двете дланки) ќе оди и нејзиниот дечко бидејќи намерно ја оставил дланката на местото на несреќата и не ја донел во болница заедно со девојка му, за да се осигураат дека инвалидитетот ќе биде траен.

За среќа словенечките власти ја откриваат дланката на време за да можат повторно да ја зашијат.

На условна казна од една година е и „свекорот“ на Адлесиќ.

Доколку сето ова не завршеше на суд, на парот ќе му беа исплатени 500.000 евра одеднаш, а останатите пари ќе ги добиваше на месечни рати од по 3.000 евра.

 

16 септември 2020 - 09:12