Сејо 2014

Кога веќе никој друг нејќе, еден босански угостител сам себе си подигнал бронзен споменик во природна големина.

Споменикот "во своја чест и слава" го израдил Сејо Брајловиќ на својот раскошен имот во местото Цвилин, недалеку од Фоча.

"Споменикот е изработен од бронза, исто онака како што Тито себе си правеше споменици," им рекол Сејо на заинтересираните новинари кои пренесуваат дека автор на делото е академскиот скулптор Енес Сивац кој е и професор на Академијата за ликовни уметности во Сараево. Нарачателот бил посебно горд што скулпторот не го заборавил неговиот заштитен знак, наочарите за сонце. 

Сејо Брајловиќ се смета за еден од најживописните босански угостители кој сака и да запее па има снимено и два албума, "чисто за свој мерак." За себе скромно ќе каже дека е најдобриот месар меѓу пејачите и обратно.

На ранчот на кој се наоѓа споменикот изградил и два базена и дузина бунгалови, за на пријателите и роднините да не им биде тесно, пренесува Лупига.

Сејо им пее на гостите:
Сејо им пее на гостите:

 

11 август 2015 - 13:50