Нолетеј

Да беше според македонските стандарди, ќе беше деволно да му се стави само фереџе. Во Србија ги прават одново. Авторот на восочната фигура на Новак Ѓоковиќ изработува втора скулптура, откако на првата му се изнасмеа цела држава.  

Скулпторот Светомир Радовиќ се подготвува за поправен испит за експонат во музејот во Јагодина и вели дека е сам крив што прифатил набрзина да направи восочен споменик од тенисерот Ѓоковиќ.

"Новак остаре а главата му порасна," беше еден од многуте навинарски наслови со кои се проследи поставувањето на урнебесната скулптура во јагодинскиот музеј.

Скулпорот вели дека првпат му се случува ваква утка.

"За изработка на биста потребен е сет од специјално изготвени фотографии а јас работев според слики од весници. Не е лошо да имате и жив контакт со човекот или барем да имате димензии од лицето. Глава на човек има 220 карактеристични мерки а мене ми кажаа само колку Ѓоковиќ е висок," се правда Радовиќ.

На својата восочна премиера присуствуваше и самиот Ѓоковиќ но беше крајно коректен па само примети дека скулптурата е - повисока од него.

15 јуни 2012 - 16:15