Таг: видео

Тетовирани банани

Како ни тргна од сабајле со Корејкава, не гарантираме како ќе изгледа последната статија за денес. Засега сме уште на безбедно: здрава храна комбинирана со уметност, или сликање врз банани!

Она што Корејките го бараат, а Грците го имаат

Сигурни сме дека во толкувањето на ова видео сме скроз оригинални. Додека другите ѝ фаќаат сеир на Корејкава, која наместо Кока-кола упорно изговара (и бара) малку поинаков освежителен производ, нам нешто друго ни влезе во уво.

Човекот кој не прави досадна уметност

Без да ви го расипуваме филмчево во кое е објаснето сè што треба да знаете, само ќе ви го кажеме следново:

„Еве го сонцето“ пред „Пржени јајца"

Последното прашање кое Њујоркер им го постави на своите Твитер следбеници во рубриката Questioningly е „Кој е вашиот омилен Битлс?". Иако се очекуваше дека Џон Ленон ќе биде прв, она што изненадува е дека веднаш по него, и тоа за само 2% помалку гласови, не е Пол, туку - Џорџ.

Она кога двајца трчкаат по дожд, а у позадина иде музика

„Поголемиот мал филмски речник" го дефинира „Полу-задолжителното лирско меѓувреме" или ЗЛМ, како „сцена во која се користи мек фокус и 'слоу моушн', додека во позадина оди песна која има намера да стане хит, а љубовниците се движат низ некаква романтична околина".

Рејдиохед низ детски уши

На неколку деца од отприлика 5-7 години, значи пред школото да им ги затапи сетилата и од нив да направи мали уметнички медиокритети, им ја пуштаат Paranoid Android од Рејдиохед. Нивните осврти кон делото се бесценети, и стварно имаат смисла.

Огреала месечина

Во очекување на вечерашната „супермесечина" - поклопувањето на полната месечина со најмалото растојание меѓу неа и Земјата во текот на годината, одбравме неколку песни кои можете да си ги слушате дур ве осветлува. 

Воениот коњ (2011, Спилберг)

Филмот ќе ви се допадне под два услова: да сте љубител на коњи, или да имате околу 14 години. Или двете.

Анимирани Грци

Од Јужна Кореја до Непал, од Сингапур до Канада, мапата на светот во домот на Спирос Циунис во Сан Франциско е обележана со 70 знаменца, по едно за секој соработник во проектот - цртаниот филм „Тие, Грците“.

Небото нè повикува

„Општеството има одговорност да истражува. Некогаш се возбудувавме од непознатото и ја користевме секоја можност да погледнеме подалеку. Зачекоревме по месечината, почнавме да користиме машини за да допреме до далечните точки во Универзумот. Има уште толку многу да се научи."

Социјален ангажман без зборови

Задутре (петок) во рамките на „Панфиз" (Меѓународниот фестивал на пантомима и физички театар), на малата сцена на Универзална сала во 19 часот ќе се промовира ДВД со претстава која е посветена на трговијата со луѓе, работена исклучиво со телесни движења и без зборови.

Приказната за балетанките

Убавата страна на тоа што повеќето „големи" теми во уметноста а богами и во новинарството се исцрпени, е што почнуваат да добиваат внимание и такви кои се навидум банални, a всушност супер интересни. Како на пример оваа, за важноста на балетанките.

Си бил еден инфографик

Црвенкапа ја посетува баба ѝ од 1697, кога приказната за неа и волкот била објавена прв пат во француска антологија на детски приказни. И во оваа, од 21. век, таа го прави истото. Ама не е баш исто.

Честито ден на книгата!

23. април во календарот на УНЕСКО е Меѓународен ден на книгата и авторското право. Иако тој момент кај нас се уште не е дојден, наскоро можеби ќе треба во насловот на манифестацијата да се појасни - а ден на која книга? Онаа старата, на хартија?

О-да-да на радоста

Застапувајќи се за европски културни вредности, но и одлучно укажувајќи на местото на Србија во таа неисцрпна ризница, Демократската младина на Прокупље воочи изборите во Србија ја препева „Одата на радоста".

Шарл Азнавур: „Не пеам за пари“

Шарл Азнавур, еден од најпознатите пејачи и композитори на сите времиња, е автор на околу 1,000 песни, кои ги имаат испеано исто толку познати музичари како Реј Чарлс, Боб Дилан, Лајза Минели, Хозе Карерас. Во моментов, на 87 години, е на турнеја низ САД. А не е ни банкротиран, па да мора...

Уби ме прејака уметност

„Изјавата на Андерс Брејвик, дека играњето Call od Duty и World of Warcraft му помогнало во подготовката на злосторството, покажува дека животот ја имитира уметноста, колку и таа да е грда" - напиша Асошијетед Прес, за човекот кој поминал цела година изолиран од остатокот од светот, за виртуелно да се подготви за неговите акции, кои минатиот јули доведоа до смрт на 77 луѓе.

Како ЕКВ, Партибрејкерси и Електрични оргазам ѝ покажаа среден прст на војната

Во април 1992. членови на трите култни бенда во камион кружеа низ улиците на Белград. Нивните пораки беа осамен антивоен крик. Да си повториме: мирот е најубавата девојка, која не може да ја има секој.

Јас сум Никола Груевски. И јас сум Никола Груевски...

Тројца словенечки уметници пред пет години ги промениле своите лични имиња во Јанез Јанша, и станале имењаци со најдолговечниот политичар на модерна Словенија, некогашен и актуелен премиер, и водач на конзервативната СДС.

Игудесман и Џу стигнаа до Карнеги Хол

Виолинистот Алексеј Игудесман и пијанистот Ричард Хјунг-ки Џу се актуелни кралеви на музичката комедија. Едно е сигурно - тие не посегнуваат по хуморот затоа што не знаат да свират.

5-те фактори за креативност на Џон Клис

Една од големите мистерии на човештвото е онаа за неговата креативност. Од каде доаѓа поривот за создавање, дали човек се раѓа креативен, или тоа е сепак комбинација на талент и работа?

100 години од раѓањето на Робер Дуано

Пионер на фото-новинарството, Дуано шпартал со неговата Лајка по улиците на Париз во триесетите на минатиот век, и учествувал во создавањето на фотографската историја. Денес си доби и свој Гугл Дудл.

Петок 13-ти

Ќемал Маловчиќ, фолк великанот од Сански мост со постојана адреса во Австрија, низ егзистенцијалистички обоени стихови ја поврзува неостварената љубов со симболиката на петок 13. 

Понижувањето на еден писател

Сајмон Спуриер е британски автор на крими романчиња, а насловот на неговата последна книга е „A Serpent Uncoiled" (Замотаната змија). И покрај добрите критики, и жанрот на делото, кој во принцип продава, Сајмон не успева во намерата да стане познат и богат.