"Pointe Shoes" е краток документарец кој зборува за тоа колку на балерините (а сигурно и на балетаните) им е важен овој дел од нивната работна опрема. Видеото ја следи Меган Ферчајлд, прима-балерина во Њујоршкиот балет, и нејзината потрага по совршениот пар обувки.
Иако за големите балерини како неа тие се изработуваат рачно и според нејзиното стапало, секоја балерина треба да знае и самата да си ја прилагоди и закрпи патиката, просто, со конец и игла. Најинтересен е сепак муабетот на „супервизорот" на Њујоршкиот балет, одговорен исклучиво за балетанки. Бидејќи еден пар чини 67.5 долари, а балерините во просек трошат по еден пар дневно, излегува дека буџетот на компанијата само за патики е пола милион долари годишно. И уште овој вика - малку е, ама ете, се обидуваме да штедиме. Рецесија, тоа ти е.