Таг: видео

Хороскопска музика свирена на музички кутии

Карлхajнц Штокхаузен (1928-2007), германски композитор, музички визионер на 20 век, автор на електронска, камерна и хорска музика, седум опери. Но и на - минијатурни композиции за музички кутии.

Берлиоз на опиум: психоделијата на „Фантастичната симфонија“

Утре, 27.09, се отвара новата сезона на Македонската филхармонија. На програмата - Концертот број 2 за пијано и оркестар на Прокофјев и Фантастичната симфонија опус 14 на Берлиоз. Второво дело Бернштајн го има наречено прв музички `трип`. И тоа не е метафора.

„Дресерот на бубачки“ одговорен за инсектите во холивудските филмови

Бил советник во стотина филмски хитови (логично: во „Спајдермен“). Држи предавања за животот на инсектите по училишта и на филмски фестивали. И црта со помош на своите другари, бубачките.

Дали судбината навистина чука на вратата во Бетовеновата петта?

Та-та-та-ТАМ! Една од најпознатите нотни низи во историјата на музиката, која вообичаено се толкува како звук на судбината. Но колку е оваа асоцијација навистина на композиторот?

Супермонтажа на филмски сцени во кои камерата се движи наназад

Solomon Society е јутјуб канал кој објавува смешни и необични монтажи (на пример како Џеки Чен скока преку огради, од повеќе филмови). Најновото видео им е насловено „филмови кои одат наназад“.

Библиотеките во кои има тајни станови

Во библиотеката Форт Вашингтон на Менхетен со години постоел „скриен“ стан, во кои живееле луѓето кои ги полнеле печките со јаглен за загревање на објектот и нивните семејства. Такви станови имало во скоро сите библиотеки во Њујорк.

Отровната тајна на лакираните уметнички предмети

Длабокиот отсјај на темно црвениот или на црниот лак, често прекрасно декориран со златни, сребрени или бисерни интарзии, е карактеристика на уметноста на повеќе народи. Но Јапонците го имаат доведено лакирањето до совршенство, тој процес кој зависи од една отровна билка, сродна со мангото и ф`стакот.

Другарот на Бетовен кој дури сега го добива заслуженото признание

Антоан Риша (еден од можните изговори на неговото име) до сега се среќаваше само во фусноти на книги поврзани со Бетовен. Двајцата се здружиле како тинејџери кога свиреле во ист оркестар во Бон: Риша втора флејта, Бетовен виола. Но сега еден пијанист ја оживува неговата музика, која до сега не го добила заслуженото признание.

Љубовната приказна на осата и смоквата

„Почнува со секс и завршува со насилство“, вели авторот Мајк Шанахан за животниот циклус на тн. смоквина оса. Неговата нова книга се однесува на историјата на смоквата, но таа не може да биде раскажана без онаа на спомнатиот инсект - еволутивниот партнер на ова дрво.

Кодот на Бaх (или зошто Бе е Ха)

Во годината во која се слави 100-годишнината од раѓањето на еден од најхаризматичните промотори на музиката, Леонард Бернштајн, почнуваме серија интересни теми од областа на музиката, особено на класичната - помалку познати факти и аспекти кои можеби ќе придонесат за нејзино попродлабочено слушање.

Почина Конвеј Севиџ од „Бед сидс“

Австралискиот музичар, долгогодишен пијанист во бендот на Ник Кејв, почина на 58-годишна возраст после кратка битка со тумор на мозок.

По 40 години конечно премиера на последниот филм на Орсон Велс

Во 2015, на 100-годишнината од раѓањето на Орсон Велс, пишувавме за почеток на кампањата за довршување на неговиот филм, „Другата страна на ветрот“. Сега, на самиот почеток на овогодишниот филмски фестивал во Венеција, се случи неговата премиера.

Госпоѓица Холмс - јапонска верзија на Шерлок

Нова адаптација на приказна која има доживеано голем број верзии, и на хартија и на екран. Во оваа на ХБО главен лик е необична жена која се вика - Шерлок.

Кој е шеф: солистот или диригентот?

Обраќањето на диригент пред концерт не е нешто необично. Но диригент да се огради од изведбата, пред да биде исвирена една единствена нота е незамисливо. Па сепак, тоа се случило, во Карнеги Хол, во 1962.

Живееме во парасоцијален пекол

Секој ден десетици илјади „влогери“ погледнуваат во својата камера и изговараат позната фраза (главно на англиски): „Како е дечки?“ А оние кои ги следат имаат чувство дека им се лични пријатели, дека ги познаваат. Всушност, врската е еднонасочна и долгорочно непродуктивна.

Што е тоа „сатаи“ вестерн?

Како што има италијанска, „шпагети“ верзија на вестерн, сега има и индонезиска. Режисерка е жена, и таа е пионер на нов жанр, сатаи вестерн, според традиционалното индонезиско јадење - ражнич од месо и сос од кикирики.

Коски и камења: експерименталната музика на Џеф Џерман

Како да се победи суровоста на времето што минува? Со тоа што ќе се биде присутен во моментот, слушајќи го сето она што се случува околу нас, фучењето на автомобилите, тропањето на нечиј чекан врз штица, далечна смеа на луѓе излезени пред дуќан на цигара.

Жената чиј глас е прогласен за американско национално богатство

Големите полека заминуваат и не изгледа дека имаат достојни наследници. Арета била првата жена примена во Рокенрол халата на славните, а нејзината петдецениска кариера го оправдува епитетот „кралица на соулот“.

Пет песни за Буковски на неговиот 98-ми роденден

Хајнрих Карл Буковски, роден на 16 август 1920 во Андернах, Германија, тогашна Вајмарска република. Претставник на нешто што се нарекува „валкан реализам“, оној сировиот и понекогаш суровиот поглед на животот, кој и таков е сепак убав.

Камила Клиз: „Татко ми не ми е омилениот Пајтоновец“

Комичното шоу под наслов „Продуцирано од Џон Клиз“ всушност воопшто не е продуцирано од него. Ќерката на славниот монтипајтоновец прави претстава за нејзиниот однос со татко ѝ, ги исмева неговите бројни бракови, и вели дека е очигледно од кого го наследила остриот јазик.

Месечината на НАСА и музиката на Дебиси

Визуелизација која комбинира слики на површината на месечината со композицијата Clair de Lune (1905), неодамна изведена во живо на прославата по повод 60 години од постоењето на водечката истражувачка агенција за аеронаутика во светот.

Бум на филмови базирани на новински статии

Неколку филмови, чија премиера се очекува до крајот на годината, се базирани на новински статии кои откриваат нечија интересна животна приказна, бизарна сторија или нешто што личи, но не е измислено. Таквите адаптации помагаат ваквиот хибрид меѓу новинарството и книжевноста да не изумре.

Украина ги користи своите најпознати писатели за кампања за безбедно возење

Украинските власти, заради големиот број сообраќајки, спроведуваат кампања, „Преземи контрола“. Главни авторитетни ликови во неа се - старите украински писатели.

„Сослушување“ (The Interview, 1998)

Го нарекуваат „австралиски одговор на `Приведете ги осомничените`“. И иако споредбата стои, многу помалиот број ликови и камерната атмосфера на овој филм го прави помрачен, и во актерска смисла уште поинтересен.