Таг: сп бразил 2014

Нема осминафинале за тие што не се сексаа

Сите селекции кои добија забрана за секс за време на Мундијалот не успеаа да обезбедат пласман во топ 8 фазата.

Редизајнирање на Светското првенство

Што и фали на графиката на ТВ преносите од Светско? Генерално ништо, ама само затоа што никогаш не сме ни помислиле дека целата работа може да биде каде каде подобра. Забелешката не е само за Мундијал, туку за сите ТВ преноси од фудбал. Решението е на двајца британски дизајнери. (Забелешка: графиките што се појавуваат кај нас, се превземаат на светско ниво, не ги правиме ние).

Французите вежбаат шутеви позади гол

Иако во фудбал не е дозволено да се трча и шутира како во хокеј, Погба, Жиру и Кабаје на еден од тренинзите по триумфот над Нигерија тренираа со невообичаени фелш удари од зад гол. 

Сè е во знакот на Американецот

Тим Хауард синоќа бранеше како на ракомет, а партијата против Белгија која ја заврши со рекордни 16 одбрани не помогна САД да оди понатаму. Статистиката покажува дека Белгијците го гаѓале неговиот гол 38 пати од кои 27 удари завршиле во рамките на голот. 

Последната осминафинална драма ја доби Белгија

Неприкосновените голмани и дефинитивно се главните виновници поради кои дури пет меча во нокаут фазата не можеа да добијат конечен епилог по 90 минути игра. Фудбалерите на Белгија успеаа да го совладаат Тим Хауард по дури 20 луди одбрани.

Ди Марија во 118 минута погоди за четвртфинале

По Чиле и Алжир, фудбалерите на Швајцарија се третата селекција која во осминафиналната фаза покажа дека нема големи и мали репрезентации на Светското првенство во Бразил. Селекцијата на Аргентина се потеше во три полувремиња за да стане седмиот патник во топ 8 фазата.

Фудбалер на Германија гаѓал во сендвичара со донер ќебап

Кога не се на терен знаат ептен да ја оплескаат, а некои имаат хоби како на пример берење урми. Германски репрезентативец не отпатува во Бразил поради швалерај, а негов колега болките во грбот од очај отиде да ги лечи кај братучед му во Крим, кој инаку е одбојкар.

Камера за Робен

По пеналот со Мексико во последната минута од продолжението, холандската телевизија НОС има една од камерите фиксирано само на Робен. Она што не го видовме во преносот е дека Робен одбива да го шутира пеналот (по кој би бил меѓу топ 3-та најдобри стрелци), и разговорот што тој го има со Мексиканците.

Сајтот на ФИФА најмногу живее од Американците

Навивачите на САД толку се заразија овој месец со фудбал, што само за време на натпреварите од групната фаза ја набилдаа гледаноста на ТВ повеќе од финалето на НБА. Со дигиталните содржини на ФИФА за време на Мундијалот тие се занимаваат повеќе од Бразил, Германија, Англија и Франција заедно.

Ноер место не го држеше

М'Боли Раис синоќа правеше чуда на голот на Алжир се до стартот од продолженијата, а неговиот колега од спротивната страна трчаше насекаде на теренот за да им ги умртви контрите на Африканците. Статистиката покажува дека од 59 допири со топката, 21 му биле надвор од шеснаесетникот.

Зошто фудбалерите глумат фаул

Како дел од фасцинираноста со Светското првенство, Американците постојано анализираат некои сегменти од играта на кои ние не им посветуваме внимание (како на пример, зошто има дополнително време на натпреварите). Сега се фатија за фудбалерите што лажираат повреда.

Како Американците се јачаат пред осминафинале

Пред почетокот на Светското пред нив беа испречени две врвни европски репрезентации и бескрајно количество на европски фубалски потсмев. После крајот на првата рунда во Европа ги вратија Португалија и целиот потсмев. Сега се во осминафинале, пред нив се уште едни Европјани (иако не до толку фаворити). По рецептот за мотивирачки видеа за секој друг спорт, составија нешто и за фудбал.

„Панцирите“ едвај го пробија маѓепсаниот гол на Алжир

Ниту 90 минути не му беше доволен на дрим тимот на Германија кој се очекуваше глатко да го мине изненадувањето во осминафиналето. Голманот на Алжир М'Боли Раис беше главниот виновник поради кој на мечот немаше победник во регуларните 90 минути.

Франција се изнамачи за четвртфинале

Составот на Дидие Дешамп е петтата селекција која избори пласман во друштво на најдобрата осумка на Мундијалот во Бразил. Фудбалерите на Нигерија успеаа нецели 80 минути да го сочуваат голот од опансите налети на Французите.

Репрезентативец на Алжир бере урми на 48 степени

Поранешната француска колонија од каде потекло има и Зидан е расадник на фудбалски таленти. Голем број од нив беа дел од младинските селекции на Франција, но во друштво на Рибери и Бензема за нив нема место.

Нема постење за фудбалерите на Алжир

Светиот муслимански месец денеска не важи за јунаците на Алжир кои со пласманот во осминафиналето во Бразил ја кренаа на нозе својата нација.

Ако не го издржуваат Бразил, како ќе го издржат Катар?

Како никогаш до сега, на ова Светско првенство судиите прекинаа натпревар за фудбалерите да можат да земат душа и да се оладат од високите температури.

Октоподот Навас е најсилното оружје на Костарика

Со херојскиот пристап и квалитетите кои ги имаат, некои голмани од американските селекции тешко дека ќе одолеат на богатите понуди кои се очекува да стигнат од Европа. Покрај Очоа, тоа сигурно ќе биде јунакот на Костарика кој синоќа го скроти клучниот пенал на Грците за историско четвртфинале.

Прво четвртфинале за Костарика

Иако се работи за не баш звучни и квалитетни селекции кои не очекувавме дека ќе ги видиме во нокаут фазата, Костарика и Грција ни приредија драматична завршница и нова возбудлива пенал серија во осминафиналето на Светското во Бразил.

Холандија со пеколен пресврт се спаси од елиминација

Фудбалерите на Мексико пропуштија златна шанса да се најдат во најдобрата осумка на Мундијалот во Бразил. Водството кое го имаа се до 88 минута, „Лалињата“ успеаа да го анулираат во самиот крај за само четири минути.

Непобедливата Колумбија му се заканува на Бразил

Формирана е првата четвртфинална двојка на Мундијалот во Бразил. Фудбалерите на Колумбија благодарение на одличниот Џејмс Родригез ја добија првата јужноамериканска пресметка и сега ги чека нова, против домаќинот на ова првенство.

Бразил преку пенал рулет до четвртфинале

Селекциите на Бразил и Чиле ни приредија 120 минутна фудбалска претстава и драматична пенал серија во првата осминафинална пресметка на која домаќините имаа повеќе среќа и останаа на планетарниот собир.