Непобедливата Колумбија му се заканува на Бразил

Формирана е првата четвртфинална двојка на Мундијалот во Бразил. Фудбалерите на Колумбија благодарение на одличниот Џејмс Родригез ја добија првата јужноамериканска пресметка и сега ги чека нова, против домаќинот на ова првенство.

Колумбија - Уругвај 2:0
Родригез 28` 50` 

Напаѓачот на Монако Хамес Родригез е творец на триумфот на квалитетната Колумбија која заслужено ја доби селекцијата на Уругвај и избори пласман во четвртфиналната рунда каде ќе се сретне со Бразил. Со двата погодока Родригез ги мина Нејмар и Меси и во моментов е најдобар стрелец во Бразил со пет постигнати голови, Првиот гол на младиот напаѓач во 28 минута сигурно ќе влезе во топ листата на најатрактивни погодоци на ова Светско првенство.

29 јуни 2014 - 00:05