Ако не го издржуваат Бразил, како ќе го издржат Катар?

Како никогаш до сега, на ова Светско првенство судиите прекинаа натпревар за фудбалерите да можат да земат душа и да се оладат од високите температури.

ФИФА уште пред почетокот на првенството најави дека на секој натпревар ќе се следи температурата на првенството, и ако таа надмине 32 степена Целзиусови, следуваат задолжителни паузи на ладење.

Според правилата судијата ќе одлучи кога треба да се прекине играта, а паузите траат нешто над 5 минути. Паузата ва вчерашниот натпревар следуваше откако температурата на теренот достигна 36 степени.

За споредба, во истиот овој период во Катар, каде што е закажан Мундијалот 2022-ра, температурата е меѓу 45 и 46 степени Целзиусови.

30 јуни 2014 - 13:25