Таг: сп бразил 2014

Сите судиски неправди на Мундијалот

Новата видео гол технологија функционира перфектно во Бразил, исто како и спрејот на судиите како ново чаре за да не крадат играчите растојание при слободен удар. Но што правиме со сомнителните пенали и офсајд ситуации кои можеби ќе ги сменеа конечните резултати на некои средби во групната фаза.

Голот од најдалеку во Бразил го постигна тетовецот

Првите 15 дена фудбал на Мундијалот ни донесоа одлична бројка од 136 погодоци. Студент од Шведска ги сместил сите на графички приказ со точки од каде што биле шутирани. Швајцарецот Блерим Џемаили, кој е роден во тетовско Боговиње стрелал од најдалеку.

Самарас и навивачот на Селтик

Решавачкиот пенал на Јоргос Самарас против Брегот на Слоновата Коска во 92 минута со кој Грција стигна до осминафинале, предизвика посебна радост кај еден млад навивач на шампионот на Шкотска со кој е емотивно поврзан напаѓачот.

Најпосакуваните можни комбинаторики до финале

Американските репрезентации доминираат во осминафиналето од 20 Светско фудбалско првенство. Доколку големите ривали Бразил и Аргентина победат на сите три наредни пресметки ќе се соочат за прв пат во големото финале во Рио.

Инвалидите во Бразил упорно стануваат

Од првите двајца се појави само слика на која не се очекуваше дека ќе стојат на стадион, а сега имаме еден чичко кој не се ни обиде да сокрие дека не му е местото во тој блок.

Историско осминафинале за Алжир

Крај на возбудувањата од групната фаза на Мундијалот во Бразил. Осум американски, шест европски и две африкански селекции ќе ја имаат честа да ги бранат боите на своите земји во топ 16 фазата.

Осамениот гостиварчанец од Швајцарија

Главна ѕвезда во националниот тим на Швајцарија е фудбалерот на Баерн Минхен, Џердан Шаќири кој синоќа го запиша 50 хет трик на Мундијалите. Дознајте кој од неговите колеги работел како банкар, а кој не станал светски шампион поради пасошот.

Коментаторите би се збуниле со презимињата на Бразил

Бразилските фудбалери не ги носат своите непрепознатливи презимиња на дресовите. Во таков случај доколку во една иста акција би учествувале Тијаго Силва, Марсело, Вилијан и Жо, коментаторот би звучел вака: Силва, Силва, Силва, Силва. Должината и не е толку проблем со оглед на тоа што во НБА играше еден славен центар од Конго по име Дикембе Мутомбо Мплондо Мукамба Жан Жак Вамутомбо.

Фудбалот само изгледа дека е популарен во САД

Натпреварите на американската репрезентација ги срушија рекордите на гледаност, и тоа е проследено со досега невиден интерес за фудбалот посебно на социјалните медиуми, само треба да се разбере дека сето ова е привремено.

Пуштете ги Американците од работа за да гледаат фудбал

Германскиот селектор, Јирген Клинсман ја билда атмосферата пред третото решавачко коло на САД кој се среќава со неговата земја и побара цела американска нација да олабави со работа и да гледа фудбал.

Шаќири со хет трик ја однесе Швајцарија во осминафинале

Членовите на Баерн Минхен Тони Крос и Џердан Шаќири се досега единствените двајца фудбалери кои во Бразил успеаа по три пати да стрелаат на еден натпревар. Германскиот напаѓач против Португалија, а швајцарскиот вечерва против Хондурас.

Нигерија загуби, но влезе во осминафинале

Продолжува гол шоуто на Мундијалот во Бразил кое ни донесе нови 9 погодоци на двата меча во групата Ф. Меси и Муса беа задолжени за тресење на мрежите во Порто Алегре, а фудбалерите на БиХ ја запишаа првата победа на Светските првенства.

Израмнувањето на Португалија од кучешки аспект

Фудбалерите на Португалија се спасија од пораз против САД во 95 минута кога израмнија на 2:2, а целата акција со многу емоции ја проследи лабрадор и навивач на Португалците кој не трепна.

Голгетерски Мундијал мелем за душа

13 дена фудбалски празник, 40 одиграни мечеви, 117 постигнати голови. Светското првенство во Бразил до сега ни направи голем мерак што се однесува до ефикасноста, а тоа беше најавено уште по првите 12 мечеви од кои само еден дуел не заврши 3+.

Емотивната гушка на Ето

Фудбалерите на Камерун го напуштија Мундијалот со нула бодови, а заминаа со негативна енергија откако претходно имаа несогласувања со федерацијата околу премиите. Но тоа не влијаеше кај најголемата ѕвезда на тимот за да издвои една минута и да се изнагушка за збогум со 10 годишното дете Педро од Бразил со кое втор пат се среќава на Светското.

Самоубиство во Кина поради загуба во кладилница

Изненадувачките резултати на Мундијалот во Бразил му ги расипаа сметките во кладилница на студент, кој реши да се самоубие.

Луѓето што ќарија од гризот на Суарез

Норвешки сајт за кладење пред светското во Бразил во типовите дал коефициент дека Суарез ќе гризне некого. 167 луѓе ставиле пари на овој тип.

Голманот што пасеше

Вкусот на успехот на Светското првенство во Бразил, Луис Суарез го почувствува со пласман во осминафиналето врз италијанската кожа на Кјелини. Чуварот на голот на Брегот на Слоновата Коска има друг ритуал кој му го расипа Самарас.

Грција со пенал во 92 минута влезе во осминафинале

Во трилер завршница фудбалерите на Брегот на Слоновата Коска го загубија учеството во нокаут фазата на Мундијалот во Бразил. Кобен за африканската селекција беше прекршокот во шеснаесетникот кој Самарас го реализираше од 11 метри.

На Суарез не му помогна ниту психологот

Го гризна Бане Ивановиќ и доби суспензија од 10 меча. Боксуваше фудбалер на Чиле, а претходно паузираше на осум натпревари поради расистички напад врз Евра. За да излезе од кризата почна да работи со психолог, но на мечот против Италија повторно огладне и не доби црвен картон.

Уругвај го проби италијанскиот бедем и стана осминафиналист

Нокаут фазата на Светското првенство во Бразил освен без Шпанија и Англија ќе биде осиромашена и за светскиот првак од 2006 година, кој по елиминацијата во групната фаза на СП Јужна Африка 2010, со иста судбина се соочи и во Бразил.

Рекоба: Пирло треба да се чува фластер и кога оди во тоалет

Групата Д беше јасно дека ќе ја напушти една голема фудбалска сила, но Коста Рика ги измеша математиките, па вечерва на Англија ќе и се придружи Уругвај или Италија. Шансите ги анализира поранешниот уругвајски напаѓач кој играше во Серија А.

Доживувањето на Алжир на свој стадион

Навивачката енергија е најсилна во Бразил кој е преплавен со фанови од 32 земји, но мундијалската треска може да биде луда забава и на домашен терен, како во случајот со Алжирците кои заедно урлаа на историските четири голови против Кореја.

Во Иран за навивање се оди на суд

Фудбалерите на Иран кои ја изнамачија Аргентина 90 минути, предизвикаа фудбалска треска во својата земја. Но од видеото за поддршка на исламската земја во кое нема никаква голотија, уапсени се двајца 23 годишни навивачи на кои им го расипаа мундијалското уживање.