Топ 16 фазата на Мундијалот во Бразил ќе биде осиромашена без селекциите на Шпанија, Италија, Англија, Португалија и Русија. Изненадувачки до таму стасаа Чиле, Грција, Коста Рика, САД и Алжир.
На изминативе пет Светски првенства од кога се играат со 32 селекции никогаш не се случило во нокаут фазата пласман да обезбедат осум селекции од американските континенти. Во 1998 имаше пет, во 2002 и 2006 по четири, а на минатиот Мундијал седум.
Водејќи се по распоредот, доколку домаќините во осминафиналето го минат Чиле, а потоа во четвртфиналето и победникот од средбата меѓу Колумбија и Уругвај, на последната пречка до финалето ќе имаат голем испит.
За таму најсериозни кандидати се европските великани Франција и Германија кои се апсолутни фаворити против Нигерија и Алжир во следниот круг. Ако се оди според нивниот план овие две селекции ќе имаа пеколно тешка четвртфинална пресметка.
За формирање на другата полуфинална двојка патот на големите селекции е нешто полесен. Доколку селекцијата на Холандија го мине Мексико, на патот до топ 4 фазата ќе му застане победникот од дуелот помеѓу Коста Рика и Грција.
Таму веројатно ќе добие еден непосакуван противник кој се вика Аргентина. Следната задача на „Гаучосите“ е да ја минат репрезентацијата на Швајцарија, а потоа до полуфинале да стигнат со победа над Белгија или САД.
Според ваквото сценарио кое го направивме без да обрнеме внимание дека може да има изненадувања, полуфиналните двојки би биле Бразил vs Германија/Франција и Холандија vs Аргентина. Повеќе од ова е неблагодарно да прогнозираме.
За да ви олесниме во врска со темава клик тука.