Фотографијата од помошникот на Диего Симеоне на клупата на Атлетико Мадрид, Моно Бургос со Гугл глас на натпреварот против Хетафе бргу се рашири на интернет и ги отвори прашањата: што ли тој гледаше со нив, но и дали технологијата е премногу навлезена во фудбалот?
Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид ќе водат тешка битка во последните седум кола од шпанската Примера, а овој интересен инфографик ни покажува кој им стои на патот до трофеите до крајот на сезоната.
Поучени од лошото искуство од минатото, шпанската Примера ќе ги спречува младите играчи да ја напуштат земјата со спуштање на старосната граница за потпишување на договори.
Споредено со останатите лиги од петте најсилни во Европа, фудбалските клубови од англиската Премиер лига најмалку им даваат шанси на младите фудбалери, а најмногу на странците.
Англиските клубови се најзастапени на ТВ и нивните играчи се најдобро платени во Европа, а италијанскиот фудбал е втор на двете рангирања пред шпанското и германското првенство.
Години наназад разликата помеѓу двата шпански гиганти, Барселона и Реал Мадрид и останатите клубови (со исклучок на Атлетико Мадрид) е огромна, а уште поголема е разликата помеѓу парите кои тие ги земаат од ТВ права. Еве како изгледа распределбата во Шпанија споредена со онаа во Англија.
Натпреварот помеѓу Осасуна и Барселона ќе остане запаметен по киксот на Каталонците, но и по еден потег на Андрес Иниеста. Фудбалерот на Барселона го повреди противничкиот фудбалер со неговиот препознатлив дриблинг "la croqueta".
Непоразениот Еспањол совладувајќи го Атлетик Билбао со 3:2 ја забележа третата победа по пет одиграни кола во шпанската Примера. Виктор Санчез беше стрелец на два погодоци, а првиот беше вистинско ремек дело.
Започнува 83. издание на шпанската Ла Лига. Како и секогаш, борбата за титулата ќе ја водат само два клуба, а според кладилниците, Барселона ја има фаворитската улога во однос на Реал Мадрид.
Со оглед на економската криза шпанските клубови решија да им излезат во пресрет на навивачите и да ги намалат сезонските влезници за домашното првенство.
Шпанската влада планира да изгласа нов закон со кој фудбалската лига ќе има контрола над колективната продажба на телевизиските права со што ќе се подобрат клупските финансии и ќе се зголеми конкурентноста.
Според истражувањето на шпанскиот весник AS, најантипатичен тим за Шпанците и натаму е Реал Мадрид, а нивниот ривал Барселона води според популарноста.
Топ тема на денот во светот на спортот е назначувањето на новиот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти кој ќе го замени Мурињо, а неговото празно столче во ПСЖ ќе го пополни Лорен Блан. Но светските кладилници и натаму го фаворизираат Каталонскиот тим дека ќе ја одбрани титулата во Шпанија.
Немаме печатна или каква било грешка во насловот. Шпанскиот прволигаш Бетис потпиша со Конгоанецот Седрик од Нумансија чија откупна клаузула вредеше 1 евро и 20 центи.
Најпознатиот фудбалски магазин FourFourTwo со помош на бројките од Opta Sports, направија споредба на статистиките за неколку карактеристични категории за фудбалери од петте најдобри лиги во Европа.
Ако Реал Мадрид се потпреше само на домашните сили како на пример Атлетик Билбао или Реал Сосиедад, тогаш од следната сезона немаше да ги гледаме во шпанската Примера, а Барселона и натаму ќе беше шампион.
Клубот кој пред три години играше во втората лига и беше на работ на пропаѓање, со помош на навивачите и со 17 фудбалери израснати во нивната младинска академија по 10 години пауза се избори за пласман во Лигата на шампиони.
Претседателот на Шпанската фудбалска лига (LFP), Хавиер Тебас изјави дека постојат црвсти докази дека натпреварот од 31-то коло помеѓу Леванте и Депортиво бил наместен.
Не, ова не се зборови на фудбалерите на Реал Мадрид, ниту на навивачите на кралскиот клуб. Тоа е скандирање од типот сеир кое можеше да се слушне на вчерашниот натпревар помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид од страна на навивачите на Барса.
До крајот на сезоната во Шпанија треба да се одиграат уште 23 кола, но интернет кладилницата Betfair им ги исплати добивките на оние кои имаа уплатено дека Барселона ќе биде шампион.
Тоа е таа фамозна бројка на голови во една календарска година која никој не успеа да ја достигне се до сега. Лионел Меси веќе го сруши рекордот на Герд Милер, а до крајот на годината Барселона ќе одигра уште 4 натпревари.
Можеби звучи чудно, но овој факт покажува колку е краткотраен работниот век на тренерите во шпанската Примера. Жозе Мурињо кој во кариерата до сега во ниту еден клуб се нема задржано повеќе од 3 години, моментално има најголем стаж во лигата.