По 15 одиграни натпревари Барселона се наоѓа на првата позиција во шпанската Примера со 43 поени, пред Атлетико Мадрид со 37 и Реал Мадрид со 32.
И покрај тоа што до крајот на сезоната ќе се одиграат 23 натпревари, а пред неделниот натпревар со Атлетико Мадрид нивниот противник заостанува со само 6 поени, многумина веруваат дека прашањето околу шампионот во Шпанија е веќе познат.
Меѓу оние кои се убедени во тоа се и челниците на интернет кладилницата Betfair кои одлучија да им ги исплатат добивките на сите кои до завршувањето на последниот натпревар против Бетис имаа уплатено дека Барселона ќе ја освои титулата.
„Ние сметаме дека тие што веруваа во тирумфот на Барселона и одамна уплатија на нивната шампионса титула, заслужуваат ваква награда", изјави портпаролот на кладилницата.
Во моментов коефициентот за шампионската титула на Барселона изнесува 1,08 а за Реал Мадрид 8.