Таг: русија

Американците активно работат на хакирање на руската електрична мрежа

Првите обиди за упад се направени во 2012, на сред од мандатот на Обама, и нема докази дека во тоа време хакерите на американската влада успеале да изгасат некој дел од електричната мрежа. Со доаѓањето на Трамп стратегијата преминува во отворен напад во кој сајбер силите на САД успеале да вметнат свој малвер во електричната мрежа и во други мети, открива Њујорк тајмс.

Русите продолжуваат со шамарање, само ова е многу, многу подобро

Што да ви кажеме, уште едно првенство во Русија за билдери и слично, и уште еден натпревар во шамарање, чисто за на публиката да и биде поинтересно. Само овој пат го нема она забраденото брдо од човек Камотски, всушност нема ниту едно машко. Натпреварот во шамарање е меѓу жени, а неможеш да оставиш жени на бина да си лепат шамари по лице. Ама Русинот и за тоа има решение.

ЈП Улици, дупки и патишта

Следен пат кога ќе ја пцуете пластичната сигнализација на сред автопат нека ви текне на видеово од Русија.

Путин ја одбил нарачката на Иран за С-400

Барањето на Иран за купување на одбранбениот систем било одбиено главно затоа што Русија е свесна на напаленоста на сегашната американска администрација да отвори уште една војна во Персискиот залив.

10.000 души ја гледаа Игра на тронови на фудбалски стадион во Москва

Во понеделникот вечерта на стадионот на Локомотива Москва во населбата Черкизово се прикажала шестата епизода од осмата сезона на планетарно познатата серија „Игра на тронови“.

И ЦИА и ФБИ се вклучија во истрагата за потеклото на Трамп-Русија истрагата

Пред три недели првиот човек на американското министерство за правда, Вилијам Бар, започна со истрага како и зошто воопшто дошло до тоа Роберт Мулер да спроведе истрага против американскиот претседател. По пат на помош ги викна и ЦИА и ФБИ.

Пискотници се слушаат од Њујорк тајмс до Атлантик

Првиот човек на американското министерство за правда, Вилијам Бар, по разгледување на извештајот на Милер објави дека истрагата на специјалниот советник Роберт Милер покажала дека кампањата на Доналд Трамп ниту кој било негов советник не соработувале со Русија во обид да се наместат претседателските избори во 2016.

Руски челичен образ 2019

Луѓево се дојдени на натпревар во мавање шамари, Василиј Камотскиј (ќе познаете кој е) е дојден на натпревар од отшрафување глави. Првенството е дел од „Siberian Power Show 2019,“ а пријавените се натпреваруваат за награда од околу 450-60 долари.

Ништо не е тивко на Источниот фронт

Истори (Eastory) e Јутјуб канал на анонимен дечко од Естонија на тема историја, и тоа главно периодот околу Втората светска војна и нешто ситно од други периоди главно околу естонска историја. Меѓудругото, има и една одлична серија околу Источниот фронт и неговиот развој од 1941 до 1944.

Што е Троика перална и како испра милијарди долари

Системот опфаќа околу 70 оф-шор шел компании кои беа искористени за да се извезат милијарди долари приватен имот од Русија на Западот. Името го добива од руската инвестициска банка Троика диалог, чии вработени ја менаџираа целата мрежа.

Русија ги има најбрзите хакери

Отприлика колку што на тебе ти треба за да најдеш што да симнеш од торент или да гледаш на Нетфликс, толку му треба на просечниот руски хакер да влезе во нечија компјутерска мрежа.

Човекот кој во затвор држел предавања за Пруст

Mинатата година излегоа ни помалку ни повеќе туку три книги на англиски, поврзани со еден подзаборавен полски уметник и дипломат, Јозеф Чапски (1896-1993). Неговиот живот е одлична илустрација за екстремите на европскиот 20 век.

Треба повеќе да им се смееме на Русите

Марк Галеоти е автор и експерт на тема руска политика и криминал, чија главна порака од сета таа експертиза е дека Западот комплетно погрешно го има протолкувано Путин како и комплетна Русија.

Изложба на дела создадени од крв на посетителите

„Црн хоризонт“, која се отвара утре, 9.02 во Шарлероа, Белгија, е дело на двајца Руси - Ерик Булатов и Андреј Молодкин, кои на овој начин протестираат против пропагандните машинерии од која и да е земја. 

Готвачот на Путин

Човекот кој ги организира вечерите на Путин со лидери како Џорџ Буш помладиот, на своето резиме има и раководење со некои од најексклузивните ресторани во Русија, како и раководење со Агенцијата за истражување на интернет, исто така позната и како „фабрика за тролови“ која се вмеша во американските избори во 2016.

Време е Јапонија да се помири со исходот од Втората светска војна

Пораката е од рускиот министер за надворешни работи, според кого доволно децении се чека Јапонија да дојде на себе околу поразот и конечно да го потпише мировниот план со Русија. Двете земји се уште немаат потпишано мировен договор за завршување на Втората светска војна.

Путин и за хокеј го бивало

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, покрај тоа што добро владее со некои боречки вештини (аикидо пред сè), синоќа на Црвениот плоштад во Москва покажал дека знае да игра и хокеј на мраз. На пријателски, ревијален меч на кој играле уште и министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу, јавни личности и поранешни хокеари, тимот на Путин победил 14:10.

Путин, вечен

Спикерот на рускиот парламент неодамна ја спомна можноста за промена на уставот на земјата што веднаш беше протолкувано како обид за симнување на ограничувањата што рускиот Устав ги наметнува на кариерата на Путин.

Многу руски клип

Состојки: стара Лада; запален багажник; брзина од 60 км/ч; едно 40 метри летање од рид; замрзнато езеро; бројни другари и познаници кои грижливо ти фаќаат сеир и те снимаат што правиш.

Тројца ја контролираат светската цена на нафтата

ОПЕК ја загуби и онаа контрола врз пазарот на нафта што ја имаше. Постапките (или твитовите) на тројца мажи - претседателите Доналд Трамп и Владимир Путин, и принцот престолонаследник Мухамед бин Салман - ќе го утврдат курсот на цената на нафтата во 2019 и понатаму. Но сите сакаат различни работи од него.