Таг: ракометна лига на шампиони

Пеколно тешка група за Вардар во Лига на шампиони, Металург задоволен

Иако ја доби улогата носител во посилната половина од групите, ждрепката му донесе многу тешка група на Вардар, а Металург ќе може полесно да дише затоа што игра со ривали кои не се баш непобедливи.

Монпеље е нов европски првак

Со неверојатна игра во финалето против Нант на нашиот Лазаров, ракометарите на Монпеље славеа 32-27 и заслужено стигнаа до својот втор европски пехар. ПСЖ третопласиран откако минимално го совлада Вардар.

Не личеше ова на Вардар

Монпеље и Нант се финалисти на годинашното издание на Ф4 во Келн. Европскиот првак целосно потфрли во сите сегменти од играта и за жал останува без историска шанса да стане првиот тим кој ја одбранил титулата.

Заврши сонот на ЖРК Вардар наречен европска титула

Тешки мигови за Вардарки. Ракометарките на Ѓер го одбранија европскиот трофеј во драматично финале кое се решаваше во продолженија два пати по 5 минути. Андреа Чанаџија промаши зицер во последна секунда за пенали. Штета.

Лејно ги спушти ролетните, Вардарки се во финале

Во доста неефикасен натпревар (посебно во првиот дел), преполн со грешки и на двете страни, Вардарки успеаа на крај да излезат како победник во второто полуфинале на Ф4 во Будимпешта. Ќе гледаме реприза на ланското финале.

Трето полувреме на Комити и РК Вардар

И покрај поразот од 27:28, хероите на Раул Гонзалес успеаа да стигнат до толку посакуваниот Ф4 каде ќе следува жестока битка во одбраната за титулата. Во Јане Сандански се слави на големо со познатата шампионе, шампионе.

Специјалитетот на Тимур Дибиров

Македонската публика речиси и да не памети потежок натпревар на Вардар во Скопје. Се бореа „црвено-црните“ како лавови, на крајот загубија но благодарение на победата со повеќе дадени голови на првиот меч, одат на вториот историски Фајнал Фор Еден од најубавите моменти на мечот беше класикот на Дибиров.

Was ist das? Das ist Vardar!

Во најтешкиот натпревар сезонава, против некогашниот европски првак Кил, ракометарите на Вардар загубија 28-27 но поради триумфот на гости пред седум дена со гол повеќе одат на историскиот втор Фајнал Фор каде ќе го бранат златото!

Кил спремај се за “ауфидерзен“ во Јане Сандански

Слична е ситуацијата на Вардарци како лани. Тогаш имаа 2 разлика од првиот дуел со Фленсбург и потоа фајнлфорот го запечатија пред своја публика со убедлива победа од 35:27. Сега имаат +1 и повторно германски противник како шанса за нов пласман меѓу најдобрите 4 во Европа. Последниот марш на „Ел Команданте“ во Скопје мора да мине триумфално со ваков финиш на навивачите.

РК Вардар - машина која не се гаси

Можеби Везув зоврива уште вечерва, можеби утре плата на Балканот ќе биде 2.000 евра, можеби после тоа и Кил ќе го освои Скопје, но една и единствената вистина на овој ден во светот гласи:

Голема победа на Вардар со гол на Македа од своја половина

Во целосно неизвесен натпревар кој кулминираше со драматична завршница во која Кил имаше последен напад за победа, ракометарите на Вардар го добија првиот четвртфинален меч во Лига на шампиони.

Тежок триумф на Вардар на гостувањето против Митјиланд

И покрај големата разлика во класи, ракометарките на Вардар се изнамачија да го добијат првиот четвртфинален дуел од Лига на шампиони со пресврт на десетина минути до крајот.

Тинејџер се расплака од радост што фати пенал во ЛШ

Младиот голман на Кјелце, Милош Валач уште не е свесен дали сонува или игра со неговите идоли. На 16 години дебитираше во ЛШ и успеа да му одбрани пенал на Рајн Некар за огромно воодушевување на сите во салата. Гостите поради бојкот кон ЕХФ играа со младинци и загубија 41:17.

Вардар не победи, ама оди директно во четвртфинале

Ракометарите на Вардар ја прекинаа победничката серија во Јане Сандански оваа сезона во Лига на шампиони и одиграа нерешено против Висла Плоцк. Но тоа воопшто не им ги мати сметките бидејќи завршуваат како лидери на табела.

Вардарки јуришаат кон тронот, победен и Битигхајм

Без многу потешкотии, опоравени од поразот во Мец, ракометарките на Вардар запишаа нов триумф во главната фаза на Лигата на шампионите и со 16 освоени бода го осигураа првото место во групата за полесен ривал во следната фаза.

Пораз на Вардар во Нант, меч топката за четвртфинале во Скопје

Актуелниот европски шампион не ја искористи првата можност да удри печат на првото место во групата и да осигура директен пласман во четвртфиналето. Вардар поразен од Нант 27-26 (18-12).

Прв пораз на Вардарки во Лига на шампиони

По извонредната серија од девет натпревари, ЖРК Вардар се соочува со првиот пораз сезонава во елитното натпреварување. Ништо страшно. Избраничниките на Дибирова остануваа први на табела.

Победа на Вардар за чекор кон четвртфинале

Актуелниот европски првак ја оправда фаворитската улога против Пиг Сегед потешко од очекувањата. Шоу на Тимур Дибиров кој го наполни голот на Унгарците со 11 погодоци.

Барселона ја сопре вардаровата машинерија

По 10 кола непобедливост, ракометарите на Вардар го запишуваат првиот пораз сезонава во Лига на шампиони и тоа од каталонскот тим против кој во полуфиналето во Келн ја почнаа серијата без пораз на 15 средби во елитата.

Девет од девет за Вардарки, Комити со порака до девојките

Дуелот меѓу Вардар и Будуќност во претходните сезони важеше за мега дерби, но веќе извесно време девојките во црвено-црно лесно го победуваат црногорскиот шампион.

И Вардарки знаат со цепелини

ЖРК Вардар му одржа час по ракомет на германскиот првак Битигхајм и го потопи со 12 голови разлика. ЕХФ издвои еден атрактивен момент од оваа средба и го смести во топ 5 голови на сезоната. Тоа е цепелинот во изведба на Пенезиќ - Лакрабер.

ЖРК Вардар не знае за доста, го понижи Битигхајм со +12

Ракометарките на Вардар продолжуваат да газат во Лигата на шампионите и со денешниот убедлив триумф на гостувањето во Германија стигнаа до 6 од 6. Ниту една друга екипа нема таков скор.

Вардарки маршираат кон четвртфинале, поразен францускиот првак

Импресиите од машкото Европско полека слегнуваат, па затоа тука се ракометарките на Вардар да нè потсетат на нивниот поход кон круната европски шампион.

Вардар го згази Кристијанштад за рекорден триумф во Лига на шампиони

Европскиот шампион е на прагот од директен пласман во четвртфиналето од Лигата на шампиони откако и во 10. рунда од групната фаза го прегази Кристијанштад 31-15 (14-8).