Вардар одигра бледо во првите 30 минути, пред се во нападот каде немаа одговор за цврстата одбрана на Французите. Недостасуваше организација во играта и помалку технички грешки кои ги казнуваа ракометарите на Монпеље.
Доволен доказ за слабата игра на Вардарци е податокот кој вели дека првиот погодок од игра го постигнаа дури во 11-та минута. Монпеље имаше две исклучувања во финишот, но и тоа не им создаде проблем да заминат со +3 предност на пауза (14:11).
Голманите беа без речиси никаков ефект, особено Штербик кој имаше само една, а Милиќ ниту една одбрана во прво полувреме.
За маките на бидат поголеми Арпад Штербик се пожали на повреда на стартот во вториот дел по што одговрноста на голот ја презеде неговиот заменик Милиќ.
Монпеље ја одржуваше предноста која варираше од еден од три гола разлика, но Вардарци и натаму играа некако тешко. Евидентен беше недостатокот на проигрувања од крилните позиции, особено преку Дибиров кој топка не фати.
По долгата предност на Монпеље, Вардар конечно израмни и ја донесе драмата, типична за вакви натпревари. На минута и пол до крај за 27:27 гол постигна Столе Стоилов прв за него на овој мечот.
Но последната минута, исто како цел меч им припадна на Французите кои постигнаа погодок за победа 28:27. На Вардарци им останаа 18 секунди и напад за реми, но Вуко Борозан кој одигра најборбено во финишот, го промаши цел гол.
Најдобри стрелци во составот на Раул Гонзалес беа Циндриќ и Борозон со по 6 погодоци, а Чупиќ постигна 5.
Во натпреварот за трето место Вардар утре со почеток во 15:15 ќе игра со ПСЖ, како реприза од ланското финале.