Таг: перо антиќ

Блескавата партија на Антиќ

Перо Антиќ го одигра својот најдобар натпревар во кариерата со 16 поени и 7 скокови против Голден Стејт. Ова се сите поени на Антиќ на првиот натпревар во НБА кариерата кој го започна во стартната петорка.

Рекордна ноќ за стартерот Антиќ

Перо Антиќ за прв пат се најде во стартната петорка против Голден Стејт и беше најдобар кај Атланта при разочарувачкиот пораз со тројката на Игудала во последна секунда.

"Перо Антиќ е прекрасен човек"

Освен што е одличен играч, Перо Антиќ е прекрасна личност со големо срце. Ние тоа го знаеме уште одамна, а сега и коментаторите на Атланта добро го запознаа нашиот Перо и го претставија на публиката во САД.

Атланта загуби во Орландо

Кошаркарите на Атланта Хокс не успеаа да ја продолжат успешната серија и загубија на гостувањето кај Орландо Меџик со 109:102.

Перо ја спаси Атланта

Со тројката на Перо Антиќ на една секунда пред крајот, Атланта Хокс се изборија за продолжение, а потоа и славеа против Шарлот Бобкетс со 118:116.

Среќни празници од Перо и „Јастребите“

Перо Антиќ и неговите колеги им ги честитаа Божиќ и новогодишните празници на навивачите на Атланта Хокс.

Мајами се провлече против Атланта

Кошаркарите на Атланта Хокс испуштија водство во финишот од регуларниот дел и загубија од Мајами Хит по едно продолжение и трилер завршница.

Атланта ја растури Јута

Кошаркарите на Атланта Хокс ја забележаа третата победа во серија на домашен терен, совладувајќи ја Јута Џез со убедливи 118:85. Перо Антиќ одигра солидна партија со седум поени.

Рекордна ноќ за Атланта

Кошаркарите на Атланта Хокс врзаа две победи совладувајќи ги Сакраменто Кингс на натпревар на кој „Јастребите" срушија и израмнија неколку рекорди. Антиќ доби пет ипол минути.

„Јастребите“ немоќни против Њујорк

Кратко траеше радоста на Перо Антиќ кој завчера ја направи клучната асистенција за победа на неговиот тим против Вашингтон.

Асистенција на Антиќ за триумф на Атланта

Кошаркарите на Вашингтон и Атланта во трилер завршница одлучуваа за победникот на синоќешниот дуел од НБА лигата, а последното мајсторско додавање во самиот финиш го имаше нашиот интернационалец по кое Ал Корфорд поинтираше за победа.

Девет минути за Антиќ во поразот од Вашингтон

Тимот на Перо Антиќ го забележа и деветиот пораз оваа сезона. Атланта Хокс загубија на гостувањето кај Вашингтон Визардс, а Антиќ одигра девет минути.

Нов пораз на Атланта, шест поени за Антиќ

Кошаркарите на Атланта Хокс загубија од Орландо Меџик и го забележаа седмиот пораз по 15 одиграни натпревари.

Атланта и Антиќ загубија од Бостон

Кошаркарите на Атланта Хокс го забележаа шестиот пораз во сезоната откако загубија на домашен терен од Бостон Селтикс со 87:94. Антиќ имаше учинок од само два поени.

Да го носиме Перо на Ол Стар

За прв пат оваа сезона имаме Македонец во НБА лигата, па зошто да не го пратиме и на Ол стар натпреварот. Гласајте за Перо Антиќ!

Рекордна ноќ на Антиќ против шампионот

Перо Антиќ го одигра најдобриот натпревар до сега во НБА. Тој постигна за него рекордни 12 поени против екипата на Мајами Хит на натпревар на кој Атланта го забележа и петтиот пораз оваа сезона.

Фалангата го освои Медисон Сквер Гарден

Перо Антиќ има огромна поддршка од Македонци на сите терени во НБА, а „Фалангата" посебно грмела во Њујорк на гостувањето на Атланта против Никси.

Четири поени за Антиќ во поразот од Никси

Атланта Хокс го забележа четвртиот пораз по осум одиграни натпревари. Овој пат тие на домашен терен загубија од Њујорк Никс со 91:95.

Трета победа за Атланта Хокс

Атланта Хокс и Перо Антиќ ја забележаа третата победа по шест одиграни натпревари. „Јастребите" во Филипс арената беа подобри од Орландо Меџик.

Бананата на Хиксон над Антиќ

Блокадата на вечерта на натпреварот помеѓу Денвер и Атланта беше дело на Хиксон, а за жал втората главна улога во оваа акција ја имаше Перо Антиќ.

Седум поени за Перо во драматичен пораз кај Денвер

Нашиот претставник во најквалитетното кошаркарско натпреварување го одигра за него рекордното време на паркетот и постигна најмногу поени до сега во НБА лигата, но Атланта Хокс забележаа минимален пораз на гостувањето кај Денвер Нагетс.

Прва гостинска победа за Антиќ и Атланта

Сакраменто Кингс им станаа редовни пациенти на Атланта Хокс. Кошаркарите на Атланта ја забележаа 11-та победа во серија над овој тим, а ова воедно е прв гостински триумф за Атланта и Перо Антиќ оваа сезона.

Антиќ и Атланта немаа сили за целосен пресврт против Лејкерси

Атланта Хокс на Перо Антиќ го забележа вториот пораз на третиот натпревар во новата сезона на НБА лигата. Овој пат Атланта беше блиску до изненадување во Лос Анџелес, но на крајот Лејкерси победија со 105:103.

Први поени за Антиќ и прва победа за Атланта

Перо Антиќ ги постигна првите поени на официјален натпревар во НБА. Првиот Македонец во ова натпреварување имаше учинок од пет поени во првата победа на Атланта Хокс оваа сезона, совладувајќи го Торонто со 102:95.