Таг: париз

Нападот во Париз може да е пресвртницата за Ле Пен

Синоќешното убиство на полицаец во Париз би можело да ги сврти француските избори во корист на Ле Пен. Баш ова е посакуваниот исход за ИСИС, кои од изборот на Ле Пен се надеваат дека ќе можат да извлечат граѓанска војна во земјата.

Француски уметник ќе квачи јајца

Пред некое време голем број медиуми ја пренесоа веста дека еден уметник ќе помине цела недела вграден во карпа. Истиот тој сега има нов генијален проект - седење на десетина јајца додека од нив не излезат пилиња.

Орие од ПСЖ осуден на два месеци затвор

23-годишниот десен бек на Пари Сен Жермен, Серж Орие е осуден на 2-месечна затворска казна поради напад на полицаец пред еден ноќен клуб во Париз, во мај годинава. И покрај пресудата, Орие ќе игра во среда против Лудогорец.

Париз: само халал може само дома

Ниту сакаме област што е чисто муслиманска, ниту област каде што нема муслимани, е одговорот на градските власти на Париз околу затворање на чисто халал супермаркет доколку не почне да продава свинско и алкохол.

Вреди 120 милиони евра, но не заборава од каде потекнува

Растен во париски кварт заедно со двајцата постари браќа, Погба уште од мал се исчеличил и сакал само едно: да стане познат фудбалер. Целиот фудбалски пат го оди под рака со мајка му која што раскажала како му се развикала на Фергусон.

Што сè треба да знаеме за Антоан Гризман?

Како мал големите француски клубови го одбивале со изговор дека „е низок и дека е слаб по конституција“, а прв кој го забележал неговиот талент бил еден француски скаут од Реал Сосиедад. Сестра му била на концертот во Батаклан каде Исис уби 90 луѓе.

За демонстрациите нема Европско

Како што беше најавено францускиот синдикат ЦГТ (Confédération Générale du Travail) во вторникот одржа масовни демонстрации против новиот закон за работни односи, и како што беше очекувано демонстрациите го задржаа стандардното ниво на пресметки со полицијата.

Ново шоу на Ирците, сега со Французин на балкон

Ирските навивачи се најблизу до приматот најдобри, највесели и најведри навивачи. Не само на Европското првенство, туку и општо. По циркузот со случајниот минувач, сега се навртеа околу една зграда во Париз.

Сè што треба да знаеме за стадионите на Европското

Европското 2016 ќе се игра на 10 места ширум земјата. Франција потрошила околу 1,6 милијарда на изградба на пет нови и реновирање на веќе постоечките стадиони. Единствено Стад де Франс остана негибнат, а на него ќе се отвора и затвора првенството.

Штрајкови, протести, поплави и Еуро 2016

Еуро 2016 беше шанса за Французите да излечат одредени стереотипи за самите себе, како тој дека кој што прави тие постојано се на штрајк. За беља, на неколку дена пред првенството тие стварно се на штрајк, кој трае од март, има постојани насилни судири меѓу полицијата и демонстрантите, и нема намера да се смири. Ама ова не им е единствен проблем.

Историска титула на Новак Ѓоковиќ

Најдобриот светски тенисер го освои единствениот Гренд Слем кој му недостасуваше, откако попладнево во Париз на Ролан Гарос го победи Енди Мареј со 3:1 во сетови.

Ѓоковиќ прослави победа со детето за топчиња

На Ноле му годи Париз. Покажа и вчера кога на дожд зема чадор и се шеташе по теренот, а и денес кога со едно од децата задолжени за победа ја заигра публиката. Со денешниот триумф проти Густаво Аутиста Аху (играа три дена поради дождот), Србинот се пласираше во четвртфиналето каде ќе го чека подобриот од мечот Ферер - Бердих.

Нè чека месец дена добар фудбал

Пред нас, за десет дена е најголемиот овогодишен фудбалски спектакл. 30 дена фудбал, пиво, грицки, по некој тикет и навивање за омилените селекции. Што сè треба да нè интересира во врска со Европското?

Британски хулигани на гостување во Париз

Познати насекаде во светот како насилни, англиските хулигани ќе бидат под посебен надзор и на Европското првенство во Франција летово. Но, еве што би можеле да доживеат гостољубивите Французи ако мерките за безбедност не бидат на највисоко ниво.

ИСИС го држи Европското на нишан

Ханс-Јорг Масен изјави дека германските служби за безбедност имаат некои сознанија дека Исламската држава од сенка го држи на око фудбалскиот турнир.

Ако Европското по Купот на Франција се познава

Сериозните инциденти на минатонеделното финале на францускиот Куп меѓу ПСЖ и Марсеј одново го потегнаа прашањето околу безбедноста на Париз пред Европското првенство. Организаторите признаваат пропусти и ветуваат решавање.

Кој може да го сопре Ѓоковиќ на Ролан Гарос?

До почетокот на Ролан Гарос остана уште една недела и списокот на главните кандидати за трофејот на земјениот турнир е утврден. Шеста година главно прашање е: Може ли Ѓоковиќ до единствениот Грен Слем кој му недостига во колекцијата?

Ибра во Париз како Тито на Бриони

Во последниот натпревар за ПСЖ, 40.000 навивачи носеа маски со ликот на Златан Ибрахимовиќ. Швеѓанецот излезе на терен каде со аплауз го пречекаа сите фудбалери. Во 10. минута судијата го стопираше натпреварот за навивачите со стоечки овации да му заблагодарат на бројот 10 за сите трофеи што им ги донесе. А Ибра? Им врати со два гола, 38. во првенството. На крајот, ПСЖ направи три замени, но Ибра излезе во свој стил.

Внимавај што зборуваш пред таксист во Париз

Најпознатиот француски спортски новинар Пјер Менес раскажуваше кога последен пат го видел Тиаго Силва. Желба му било да го интервјуира капитенот на ПСЖ и бразилската репрезентација. Па во целиот разговор упадна и таксистот низ Париз.

Mултимедијална изложба посветена на Велвет Андерграунд во Париз

Група како оваа можела да се состави само во Њујорк од шеесетите на дваесетиот век. Но 50 години по снимањето на нивниот прв албум, Велвет Андергрануд е тема на голема мултимедијална изложба, не во Големото јаболко, туку во концертната сала на Париската филхармонија.

Еврогол на Димитри Паје против Русија

Пријателската меѓу Франција и Русија во Париз е прва за Триколорите на домашен терен по терористичките напади. Паднаа вкупно 6 гола, Галските петли славеа 4-2, а најубавиот гол на мечот го даде фудбалерот на Вест Хем, Дмитри Паје кој синоќа славеше 29-ти роденден заедно со Канте кој наполни 25. Фудбалерот на Лестер го отвори резултатот.

Жонглерот што жонглира со чинии - Мамаду Сако

Францускиот дефанзивец со потекло од Сенегал ги освои симпатиите на Енфилд Роуд и се смета за легитимен наследник на Џејми Карагер и Сами Хипија. Постојат неколку силни причини зошто навивачите на Ливерпул имаат доверба во него.