Израелски ресторан воведе 50% попуст на сè, со еден голем предуслов - важи само за Евреи и Арапи кои заедно јадат на маса. Следно за помирување - луѓе и вегетаријанци.
Во рамките на 6. коло од квалификациите за ЕП 2016, вечерва играат БиХ и Израел, но амбиентот во Зеница повеќе наликува на воена зона отколку на фудбалски меч.
Во ситуација кога немаше со кои да ја измерат машкоста, навивачите на БиХ им се придружија на група мирни Палестинци кои протестираа во Виена и заедно со нив скандираа против Евреите. Парадоксот да биде поголем, претходно свртеа едно оро и сè делуваше како песна.
Нетанјаху ја нуди опцијата и Палестинците да имаат држава. На анкети губи дебело. Два дена пред избори врти лист и вика: "Нема за нив држава дур сум јас премиер". Добива избори! На првото интервју по изборите го враќа листот назад.
Шведска стана првата членка на ЕУ која објави дека ќе ја признае Палестина. Според Швеѓаните, ништо нема да се реши во регионот додека Палестина не биде признаена.
Сегашниот лидер на Хамас, Халед Машал (со непоправлива желба да ја уништи еврејската држава), е истиот човек чиј живот во 1997-ма во последните мигови беше спасен од (тогашниот и сегашен) израелски премиер Бенjамин Нетанјаху. Ова се случи само неколку дена откако Машал беше врзан на машини за одржување во живот, по атентатот извршен по наредба токму на Нетанјаху.
Израел и Палестина пак се пукаат. Цивилите пак гинат. Семејствата губат домови, хаосот продолжува. Пак. Ништо од ова немаше да се случува ако Израел беше сместен онаму каде што има логика: Во Германија.
За првпат во својата историја, Ролинг Стоунс ќе свират во Израел. Роџер Вотерс и Ник Мејсон (тапанарот на Пинк Флојд) сметаат дека е тоа исто како да се свири за режимот кој спроведуваше апартхејд во Јужна Африка
По 8 години во кома почина поранешниот израелски премиер и генерал, Ариел Шарон, кој со години го обликуваше Израел воено, политички и урбанистички. За последниот дел, деновиве зборуваше еден израелски професор по архитектура.
Една од најважните работи што Израел ја направил пред да го почне ембаргото кон Газа, е да пресмета кој е минимумот на калории што им е потребен за преживување Палестинците.