Како и во Виена, кога заедно со Палестинците пееа анти-семитски песни, така и вечерва навивачите на Босна и Херцеговина со навредливи песни го пречекаа Израел.
Домашните навивачи запалија многу пиротехника со повиците „Палестина". Во пресрет на гостувањето во БиХ, Израелците истакнаа дека се свесни дека доаѓаат во непријателско окружување, а како и секаде во светот, така и вечерва на стадионот Билино Поље, ќе ги чуваат снајперисти.
Двете селекции играат во групата Б. БиХ има пет бодови од пет натпревари, а Израел има девет бодови, поради што избраниците на Баждаревиќ ќе мора да победат ако сакаат да останат во игра за третото место кое води во баражот.