Амунд, Идар, Торје и Ерик е првата четворка во историјата на фудбалот која имаше среќа да се најде во иста екипа. Браќата се родени во ист ден, коинциденција која не веруваме дека се случила во некој друг спорт, а ниту кај некој во маало.
Продолжува скандинавската недела на офф.нет.мк. Овој пат двајца норвешки полицајци се справуваат со еден прилично непријатен локален алкос. Треба да се има предвид дека постапките на полицајците се под влијание на целиот товар на одговорноста од нивната работа, стресот од секојдневното справување со криминалци и генерално стравувањето за сопствената безбедност.
Вчера, 15. мај, во Осло е отворена човечка зоолошка. Онаква каква што на истиот ден, сто години претходно, отворил норвешкиот крал, а ја посетиле 1.5 милиони жители на тогашна Норвешка. Нивните потомци никогаш не чуле за ваквиот настан.
Властите на Норвешка сфаќаат дека имаат проблем со сексуално малтретирање во армијата. Решението им се базира контра сите инстинкти што може да ги имате околу проблемот.
Норвешката телевизиска мрежа која се специјализира за разни форми на тн "бавна телевизија" има нов, урнебесно досаден концепт. Воаерисување на животот на една пердувеста банда.
Норвешка го обелодени планот за меморијален споменик посветен на жртвите од најстрашното масовно убиство во модерната западна историја. Поводот е и ужасен и сè уште свеж за паметникот да се оцени како прекрасен, но, прекрасен е.
Најглупата работа околу веста е што премногу очигледно кажува дека од 1990-та, до денес се минати уште малку па 25 години. Под број два, ова е еден од домашните проблеми што во Скандинавија се решава со странска интервенција.
Нашиот шампион на Олимпијадата во Сочи кој го прогласивме предвреме поради повеќе причини, ќе има силна конкуренција барем што се однесува до аутфитот.
Комплетниот фонд на книги на Националната библиотека на Норвешка се дигитализира (се префрла од печатено издание на компјутер) и без разлика на авторот или сопственикот на правата, книгите ќе бидат бесплатни за читање.
Скандинавците моментално работат на наоѓање начин како најдобро да ги потрошат парите од продажба на нафта, не затоа што им фалат пари, туку затоа што имаат повеќе отколку што знаат што да направат со нив.
Репрезентативката на Норвешка, Елиза Торнес се истакна на Твитер како никој до сега. Повредата во долниот предел од стомакот си ја излечи со мраз, а интимниот чин без срам и перде си го сподели со фановите.
Смирено до ниво кое те вади од кожа, Норвежанец ја сумира титулата на Осло за најскап град во светот за странци - барем сега можам да патувам каде било во светот, да правам што сакам и да имам оправдание дека всушност повеќе заштедувам отколку кога би бил дома.
Работите на судењето на масовниот убиец стојат вака: во одбрана на Брејвик ќе сведочат радикални анти-муслимани кои на судот треба да му покажат колку сите тие се нормални.
Десетици илјади Норвежани се собраа да испеат една детска песна што Брејвик ја мрази и за која тврдеше дека се користи за перење на мозокот на тамошните деца.
Иако нешто од стомак ни вели дека и самото судење е одвишен луксуз за еден таков монструм, утеха е што процесот не се одвива онака како што Брејвик замислуваше, со себе како главна ѕвезда во шоуто. Претставата му ја расипа една извонредна обвинителка.