Таг: наполи

Сефте гол на Пандев

Горан Пандев го постигна првиот гол во новата сезона. Македонскиот интернационалец беше стрелец на првиот гол за Наполи во победата од 3:0 над новиот второлигаш Капри.

Филмскиот режисер кој го врати Наполи во елитата

Екипата која пред осум години беше во друштво на Падова, Римини и Авелино, денеска е една од најпопуларните на трансфер пазарот каде тргува со моќните ПСЖ, Реал Мадрид и Ливерпул. За сето тоа е заслужен човекот кој со мудра политика го одведе Наполи и до Лигата на шампионите.

Бенитезманија

Италијанците се махери за забава. Рафа Бенитез не успеа да издржи ниту една цела година на кормилото на Челси, а навивачите не го засакаа ниту откако ја освои Лигата на Европа. Во Неапол приказната е сосема поинаква. И покрај тоа што Валтер Мацари заврши одлична работа во четиригодишниот престој, навивачите си имаат нов миленик.

Пандев најголем журкаџија во Неапол

Нашиот капитен беше еден од најрасположените фудбалери на големото славје на Наполи по изборувањето на пласманот во Лигата на шампионите. Погледнете ја атмосферата на Наполитанците на чело со Горан Пандев кои ги “ловеше“ веселите моменти.

Пандев повторно стрелец за Наполи

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација продолжува да ги тресе мрежите во Серија А, а овој пат мета беше последнопласираната екипа во италијанското првенство Пескара против која Пандев го зголеми водството на 2:0.

Пандев го сопре Милан

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев ја продолжи голгетерската форма во Серија А и го постигна единствениот погодок за Наполи со кој неговиот тим освои бод на гостувањето кај Милан.

Уште една мајсторија на Пандев

Пред две кола Горан Пандев ја прекина својата најдолга црна серија без постигнат гол во Серија А, а со нов погодок при денешната победа над Џенова тој потврди дека се враќа во голгетерска форма.

Пандев конечно се врати со погодок

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев го прекина најдолгиот досегашен пост без постигнал гол во својата кариера. Со погодокот против Аталанта во 81 минута, Наполитанците го задржаа второто место на табелата во Серија А, со 9 бода негатива зад Јувентус.

Јувентус му лежи на Пандев

Дерби пресметката во Серија А, која според италијанските медиуми ќе биде одлучувачка во борбата за Скудетото е одлична прилика за нашиот капитен да го прекине постот од 19 меча без постигнат гол во Серија А. Пандев до сега ја има затресено мрежата на „Старата дама" седум пати.

Пандев се прости од Европа, Стеауа го шокираше Ајакс

Со поразот од Викторија Плзен од 2:0, екипата на Наполи уште еднаш го потврди бледото издание на меѓународната сцена. Вториот наш претставник во Лигата на Европа, Даниел Георгиевски ги продолжува настапите во осминафиналето, откако по регуларните 2:0, Стеауа славеше на пенали против Ајакс со 4:2.

Невозможнa мисиjа за Наполи

Единствените двајца македонски претставници во второто по ранг клупско европско натпреварување, вечерва се пред тежок испит. Горан Пандев ќе ја брка предноста на Викторија Плзен од 3:0, а тимот на Даниел Георгиевски со негатива од 2 гола го пречекува Ајакс.

Пандев заборави да ги тресе мрежите

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, кој е најдобар стрелец во историјата на националниот тим со 26 гола, сезонава е во најлошата форма во дресот на Наполи. Во неговата кариера до сега не му се случило да не постигне гол на 20 натпревари во низа.

Канаваро и Грава ќе бидат казнети за премолчена местенка

Наполи чиј член е Горан Пандев најверојатно ќе остане со 2 поени помалку, а Канаваро и Грава ќе бидат суспендирани на 6 месеци затоа што одбиле да наместат натпревар, но не пријавиле на надлежните.

Фудбалери на Наполи обвинети за местење

На фудбалскиот клуб Наполи каде во моментов настапува Горан Пандев, му се заканува казна со одземање на бодови затоа што четворица фудбалери од овој клуб во 2010-та година биле вклучени во обид за местење на натпревар против Сампдорија.

Акробатот Инлер

Фудбалерот на Наполи, Гокан Инлер за време на натпреварот кој неговиот тим го загуби од Јувентус со 2:0, во намера да изнуди прекршок изведе неверојатен актобатски потег.

Јувентус осамен на врвот, Лацио подобар од Милан

Екипата на Јувентус не само што ја продолжи серијата од фантастични 47 натпревари без пораз, туку сега е и единствена непоразена екипа во Серија А оваа сезона. На второто денешно дерби, Лацио ja зголеми агонијата на Милан и уште повеќе ја разниша позицијата на Алегри.

Рација во Наполи и италијанската федерација

Финансиска полиција утринава ги пребарува просториите на фудбалскиот клуб Наполи и Фудбалската федерација на Италија.

Гранде Пандев во топ форма

По одличните партии за фудбалската репрезентација на Македонија на натпреварите против Хрватска и Шкотска, Горан Пандев на својот прв натпревар за Наполи оваа сезона изнуди пенал, постигна гол и асистираше на уште еден погодок во победата на Наполи над Парма од 3:1.

Суперкупот за Јуве, гол и црвен картон за Пандев

Екипата на Јувентус е освојувач на италијанскиот Суперкуп откако го совлада Наполи со 4:2. Покрај името на Горан Пандев останаа запишани по еден гол, асистенција и црвен картон.

Големата уста на Наполи

Познатиот италијански филмски продуцент Аурелио Де Лаурентис во 2004-та година го купи сегашниот клуб на Горан Пандев и успеа од банкротиран клуб во третата лига да го одведе Наполи до Лигата на шампиони. Но арогантниот филмаџија освен со своите успеси, се прослави и со контроверзни изјави.

Четврта куп титула во серија за Пандев

Горан Пандев е претплатен на пехарите од италијанскиот куп. По триумфот со Лацио во 2009-та и пехарите со Интер во 2010-та и 2011-та, Пандев и во 2012-та година со екипата на Наполи го освои Купот на Италија.

Бакнеж за жолт картон

Рома и Наполи одиграа 2:2, а стрелец на израмнувачкиот гол за домаќините беше Бразилецот Симплисио. Тој го прослави голот со бакнеж за синот и сопругата, но судијата не беше многу сентиментален и му додели жолт картон по враќањето на теренот.