Таг: мексико

Бомба на Гвардадо за еврогол од 30 метри

Паралелно со Копа Америка 2019, се игра и Голд Куп, турнирот на Северна и Централна Америка. Таму Мексико синоќа ја победи Канада со 3:1 а голот кој го даде капитенот и ветеран Гвардадо беше најубав гол досега таму.

Одговор на прашањето што бараат Катар и Јапонија на Копа Америка

Во тек е најстариот турнир за репрезентации на свет - Копа Америка 2019, издание кое летово се игра во Бразил и каде дојдоа две селекции кои како да бодат очи кога ќе се спомене Јужна Америка а тие не се од таму.

Буцкото кој ја направи најголемата боксерска сензација на векот

Во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк се случи најголемата сензација, откако светскиот боксерски првак во ЧЕТИРИ верзии, Ентони Џошуа ги изгуби сите појаси од анонимниот дебелко Енди Руиз.

Кога мексиканскиот претседател се обидел да го спаси Фројд

Што ќе се случело доколку Фројд ја прифател понудата за азил на Лазаро Карденас? Ќе се запознаел со Фрида Кало, со Троцки, и кој знае како сето ова би влијаело на историјата на психоанализата. 

Мексико цело ова време да ѝ памтело на Шпанија

Мексико бара властите во Мадрид конечно да се извинат за злосторствата направени од шпанските конквистадори пред 500 години.

Мексиканска автоиронија

Во КОНКАКАФ Лигата на шампионите, Толука дома изгуби со 0-2 од Спортинг Канзас Сити и со вкупен резултат 0-5 во двомечот испаѓа од турнирот. Синоќа пред крајот домашните навивачи викале “оле“ на секој контакт со топката на играчите на Канзас.

Не бе, овој е решен дека ќе прави ѕид и нема мрдање

Откако расправијата со Конгресот ја ескалираше до блокирање на работата на администрацијата, сега Трамп проблемот со собирање пари за изградба на сопствениот ѕид го претвори во уште поголема драма во најава.

Животот на фудбалски клуб во најкриминалниот град во Мексико

Сиудад Хуарез е град познат и како Пасо дел Норте. Се ноаѓа на реката Рио Гранде во реонот Ел Пасо на самата граница меѓу Мексико и Америка а во тој дел од светот е познат и како престолнина на нарко-картели, криумчари, шверцери, убијви, дилери... Едно локално фудбаско клупче се обидува да ја смени оваа лоша репутација на Хуарез.

Го паметите ли Жињак? Во неделата даде четири гола во Мексико

Откако реши да замине од француското првенство пред неколку години, се очекуваше дека ќе смени клуб и ќе остане во Европа. Ама Жињак го одбра Мексико за живот и кариера и не погреши.

Што е бе кепец?

Мет Миазга е член на Челси кој настапува како позајмен играч во Нант, ама и скаран малку со културата која си ја покажа на пријателската меѓу САД и Мексико. Во ред е да му спискаш ако те изнервирал, ама не на ваков простачки начин. Сите те видоа.

Бора од Бајина Башта кој однесе 5 репрезентации на 5 Светски првенства

Рекордерот Велибор Милутиновиќ е човек за кого може и треба да се сними филм. Останат без татко и мајка на млади години тргнува на пат околу светот и фудбалските тајни ги раскажува во пет различни земји со кои оди на Мундијали.

Глумеше ли Нејмар или баш го нагазија?

Во 69’ минута од осминафиналето Бразил - Мексико, Мигел Лајун не можеше да ги издржи театралните падови на Нејмар па во еден момент не се исконтролира и го стапна на ногата после што Бразилецот се вртеше како да го пукаат.

Бразилска самба за четвртфинале

По невообичаено високи температури во руска Самара, Бразил на крилјата на Нејмар и Роберто Фирмино го совлада Мексико и ќе го чека победникот од мечот Јапонија - Белгија.

Мексиканска фирма со директор Кореец

Ти си Мексиканец, директорот ти е Кореец и после тоа што им го направија Корејците на Германците на Светско, ич не ти чуе дали ќе касниш на работа или ќе се појавиш во одело или дрес. Ела директоре ваму. Ти си наша икона.

Кога Мексиканците слушнаа дека Германија примила гол

Во последното коло од групата Ф се случи најголемиот шок на Светското. Актуелниот светски шампион Германија изгуби од Кореја со голови примени во судиското продолжение а кога во Казан Мексиканците кои губеа од Шведска 0:3 ја слушнаа веста, паднаа во еуфорија.

Јужна Кореа ја исфрли Германија, Светското продолжува без шампионот

27 јуни 2018 ќе се памети како ден во кој се случи едно од најголемите сензации на Светското првенство. Јужна Кореја ја нокаутираше Германија со 0:2 и ја исфрли од Мундијалот. Понатаму одат Шведска и Мексико кого Скандинавците го прегазија со 3:0.

Рафаел Маркез е под санкции на Америка - не смее да пие ниту од брендирани шишиња

Рекордерот и главниот прогнаник на Светското 2018 има сериозни забрани. Верувале или не, за 39-годишниот капитен на Мексико и некогашен фудбалер на Барселона Рафа Маркез Светското 2018 е петто во неговата кариера.

Мексиканската влада пријави земјотрес по голот против Светскиот првак

Ете до таму отиде радоста на Мексиканците кои ја урнаа Германија и драстично се доближија до осминафиналето на Мундијалот во Русија. Од многу скокање се вклучил алармот од кој секој човек го фаќа страв.

Мексиканка не го пуштила мажот на Светско, другарите земале картонска фигура од него

На Светското секојдневно има многу интересни приказни и анегдоти, ама тоа што направиле другари на еден Мексиканец е ненадјебиво.

Чаки Лозано - детето со прекар од кукла-убиец е херој на Мексико

Неговите се од Гватемала. Се преселиле во Мексико додека Ирвинг уште бил во стомакот на мајка му а во земјата каде што се родил единствена шанса за успех му била да го прави тоа што најдобро го знае.

Чичарито плачеше за време на химната

Мексико го направи најголемото изненадување во досегашниот тек на Светското откако го победи светскиот шампион. Во земјата тотално лудило а пред мечот Чичарито се расплака на интонирање на химната.

Студен туш за Германија и Бразил, Мексико во транс

Светскиот шампион Германија изгуби 0:1 од Мексико а Швајцарците го задржаа Бразил на 1:1 и освоија драгоцен бод.

Се појави снимка од журката на Мексиканците со проститутки

Откако мексиканските медиуми открија дека неколку репрезентативци имале бурна ноќ во пресрет на поаѓањето за Русија на Светско првенство, федерацијата реши да не ги казнува фудбалерите а во меѓувреме излезе видео од забавата со 30 проститутки.

Ноќ со 30 проститутки - така Мексико се спрема за Светско првенство

Во екот на подготовките за Мундијалот, репрезентативци на Мексико организирале забава со проституки на која се собрале по пријателската против Шкотска (1:0).