Таг: македонски фудбал

Меси пушти солза за македонскиот фудбал

Дури и на Лионел Меси му падна жал за празните трибини и мизерната состојба во која се наоѓа македонскиот фудбал.

Мапа на нациите во МПФЛ

Инспирирани од мапата на нациите кои се претставени во англиската Премиер лига и ние решивме да направиме скромна мапа на нациите на играчите кои настапуваат во македонската Прва фудбалска лига.

Вардар тргна во одбрана на титулата

Според сите анализи, но и според кладилниците, екипата на Вардар е најголем фаворит за одбрана на титулата во 22. сезона од Првата лига на Македонија во која пола лига ќе се бори за опстанок.

Пензионерите играат во Италија и Англија

Италијанската Серија А и англиската Премиер лига се најстари лиги според просечната возраст на фудбалерите со по околу 27 години. Македонската прва лига е малку над просекот со возраст од 25,2 години.

Вардар владее во македонскиот фудбал

Фудбалерите на Вардар ја одбранија титулата во македонското првенство. Со петардара во мрежата на директниот конкурент Хоризонт Турново, најтрофејниот фудбалски клуб ја освои 7-та титула во 21-то издание на македонската Прва лига.

Каде е, што прави Осеи Кофи?

Модниот дизајнер од Гана кој беше најавен како екстра засилување за македонскиот фудбалски шампион, Осеи Кофи си замина од ФК Вардар, а луѓето од нашиот најтрофеен клуб сакаат што е можно побргу да го заборават и избришат неговото име.

Аматеризмот во македонскиот фудбал

Македонското фудбалско првенство отсекогаш било попатна станица за третолигашки странци, но последните неколку трансфери се „дно дна". Дали нашите тренери се премногу наивни или менаџерите кои носат фудбалери многу добро лажат.

Љаки во стилот на Рамос

Тетекс го совлада Силекс со 2:1 во дербито на дното од македонската Прва лига, а домаќините може да слават и повисока победа, но Владимир Секулоски - Љаки со ударот од белата точка за малку ќе ја префрлеше и трибината на стадионот во Тетово. Серхио Рамос може вода да му носи.

Македонија има најевтини фудбалски влезници во светот

Навивачите од целиот свет веќе долго време се жалат на „мод€рниот фудбал" и цените на влезниците за кои тие треба да штедат пари за да си дозволат да ги купат. Ние го немаме тој проблем. Нашиот фудбал не е модерен, па ние ги плаќаме најевтините влезници во целиот свет.

Турново - најмалиот лидер во европскиот фудбал

Со ремито на Вардар и Металург по 10 одиграни кола на првата позиција во македонската прва фудбалска лига изби екипата на Хоризонт Здравје од Турново, најмалото населено место со фудбалски лидер во Европа.

Видео од кочанската количката

Ако не верувавте на пишаниот збор, еве и видео од велелепната промоција на кочанската количка за обележување на терен.

Навидум обична количка (обновено)

Сепак француската донација за фудбалот во Кочани ја заслужи спектакуларната манифестација. Навидум обична количка за обележување на линиите со вар, но...

Количката која ја менува фудбалската историја на Кочани!?

Оваа сабота на теренот на стадионот „Никола Мантов" се одржа спектакуларно доделување на француска донација за фудбалот во Кочани - количка со вар за обележување на линиите на теренот.

Македонскиот фудбал во медиумски мрак

Раководството на ФФМ се промени, започна нова сезона во македонските лиги, а старите проблеми останаа, па дури и се зголемија. Македонскиот фудбал е медиумски најслабо покриен во цела Европа, а скоро сите медиуми своите извештаи ги пишуваат само на информации од livescore.

Конечно заврши ерата на Харалампие

По 10-годишно владеење со најбогатата спортска федерација во Македонија, Харалампи Хаџи-Ристески си поднесе оставка, а на претседателската фотелја ќе го наследи Илчо Ѓорѓиоски.

Македонската лига најдобра во екс Југославија?

Германците нека си го сменат методот според кој ја прават табелава или нека си го затворат институтот. Според Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика (ИФФХС), македонското фудбалско првенство е подобро од хрватското и српското.

Вардарци слават по пауза од 9 години

Конечно повод за славје кај вардаровата армија на навивачи. Најтрофејниот македонски фудбалски клуб по пауза од девет години повторно се искачи на тронот.

Крај на проклетството

Денес, може МЗТ ги има Далман, Чековски и Гечевски, ама само еден играч е најзаслужен за разбивањето на дваесет годишното проклетство. А тој играч игра не игра на терен... игра на трибина

Играч на натпреварот: Шарко

Најинтересен момент на здодевното дерби помеѓу Металург и Шкендија беше прекинот заради влегувањето на куче на теренот.

Македонскиот фудбал во офсајд

Фудбал во Македонија нема да се игра во следниот период. ФФМ по сугестија на МВР реши да ги одложи фудбалските натпревари од македонската Прва и Втора фудбалска лига на неодредено време додека не се создадат подобри услови.