Таг: македонска ракометна репрезентација

Македонија е шеста светска ракометна сила, капа доле за успехот

Македонската јуниорска репрезентација со пораз го заврши Светското ракометно првенство во Алжир, но не го намали впечатокот кој го остави на овој историски Мундијал за македонскиот спорт. Аплаузи за нашата делегација која отпатува во Алжир.

Селфи број 5 и нов епски успех на нашите ракометни јунаци

Големата победа против домаќинот Алжир не беше плафонот кој го допреа хероите на Илија Темелковски на Мундијалот за јуниори. Денеска повторно блеснаа и испишаа нова историја за македонскиот ракомет и спорт воопшто.

Ико мајсторе е роден за историски успеси со Македонија

Нема дилеми за тоа дека Македонија е ракометна нација. Тоа го покажуваат резултатите и успесите и во машкиот и во женскиот ракомет, како на клупски, така и на репрезентативен план. Илија Темелковски покажа како се игра храбро на големите натпреварувања.

Новите македонски ракометни херои се во транс

Со триумф од 24:20 младата ракометна репрезентација на Македонија му удри шамар на домаќинот Алжир и се избори за прво историско мундијалско четвртфинале. Главен творец на големата победа беше капитенот Филип Талески со 8 гола. Успехот е огромен, младите надежи се во топ 8 во свет, а в петок ќе се соочат со светскиот првак Франција. Супер е ова за македонскиот спорт. По фудбалерите до 21 година, херои станаа и нивните ракометни врсници.

Отвораме против Словенците, со светскиот првак на крај

Со внимание ја следевме синоќешната ждрепка за Европското првенство кое следната година ќе се игра во Хрватска. Се знае и распоредот кога ќе ги бодриме нашите ракометари.

Македонија против Германија и две балкански земји

На денешната ждрепка во концертната сала „Лисински“ во Загреб, беа извлечени групите за Европското ракометно првенство кое се игра во јануари следната година во Хрватска.

Одиме на Европско 2018, Македонија сјајна против Чешка

Во последното коло од квалификациите за ЕП 2018 во Хрватска, Кире Лазаров и другарите ја преслушаа Чешка и обезбедија учество на петтото Европско првенство а четврто по ред.

На победа против Чешка за пласман и поволна ждрепка на Европско

Во последното шесто коло од квалификациите за ЕП 2018, Македонија во недела од 20:45 ќе го брка четвртиот пласман на Европските првенства.

Македонија го одбра потешкиот пат до Европско

Најдобрите македонски ракометари прокоцкаа предност од 4 гола во вториот дел и со реми се враќаат дома. Шансата за пласман на Европско ќе ја бараат со стариот познаник Чешка во последното коло, во Скопје.

Тесен пораз на Македонија

Македонската ракометна репрезентација не успеа да собере целосен плен од двомечот со Исланд во квалификацискиот циклус за ЕП 2018. Борко Ристоски повторно бранеше фантастично, но одбраната овој пат потфрли и прими 30 погодоци.

Важна победа за Македонија, Исланд совладан во Скопје

Во третото коло од квалификациите за Европското 2018 во Хрватска, ракометарите на Македонија ги победија „рибарите“ од Исланд 30-25 (15-13) и се на добар пат кон ЕП.

Раул Гонзалес е нов селектор на македонската ракометна репрезентација

Управниот одбор на РФМ денеска одлучи за наследник на Лино Червар да го назначи тренерот на РК Вардар кој ќе потпише договор на селекторската функција до 2020 година.

Слабокрвната Македонија немоќна против Норвешка за крај на сонот

Македонија во првиот дел прими 12 гола, а на половина од второто полувреме 11. Ужасниот почеток на вторите 30 минути ја турна колата по уздолница и Норвешка заслужено оди во четвртфиналето.

Кире vs Норвешка

Македонската ракометна репрезентација со Норвешка има две соочувања на големите натпреварувања, пораз на СП Хрватска 2009 и реми на ЕП Полска 2016. На нашиот капитен му лежат Норвежаните. На првиот дуел им збрца 9 гола, а на вториот 11. Да му посакаме да ја одржи традицијата.

Најјакиот тајм-аут на Лино Червар на Мундијалот

Нашите момци синоќа против Исланд колку беа уморни, толку беа и расположени за зафрканција. Тоа се виде на последниот тајм-аут на две секунди пред крајот кога Миркуловски праша што играме?

Најинтересното од Македонија во групната фаза

Со две победи, два порази и едно реми, целта е остварена. Четврти пад по ред на Мундијалите одиме во втората фаза. Најдобар се разбира, Кире Лазаров кој за сега е стрелец број 1 на Светското со 44 гола. Шпанците ги попари со три цепелини. Се водеа тешки битки од кои најмногу ќотек изедоа Столе и Жути. Лино форсираше напад со седуммина, тактика поради која често се нервиравме бидејќи примавме голови без никој да стои покрај стативите. Со Норвешка бркаме историја. Среќно момци.

Импресивната Македонија до важно реми со Исланд

Со уште една храбра игра нашите ракометари остварија уште една важна цел. Реми со Исланд 27-27 (13-15) за да се избегне Франција и во осминафиналето да се оди на Норвешка. Јунак Кирил Колев кој одбрани силен шут во последниот напад.

Храбра и рамноправна Македонија, но само до 50-та минута

Македонската ракометна репрезентација како и многу пати со големите сили, покажа дрскост против Црвената фурија и најави неизвесен натпревар кој за жал не траеше до последниот свиреж на судијата. Пораз од четири голови разлика.

Страшните цепелини на Лазаров и Георгиевски

Нашите ракометари ѝ пружија сериозен отпор на Шпанија а особено добра игра прикажаа во првиот дел кога направија два потези кои сигурно ќе бидат сериозни кандидати за голови на првенството.

Фотографија вредна осминафинале

Македонската ракометна репрезентација и математички е во топ 16 на Мундијалот во Франција, а тоа се должи на ремито меѓу Тунис и Словенија 28:28. На Тунис му преостана уште дуелот против Ангола, по кој и да победи не може да биде пред нас на табела па макар и да ги загубиме последните два дуели.

Како да се избегне „бојно поле“ против Франција

Под услов „Триколорите“ на крај да бидат први во групата А што е прилично реално, нашите момци ќе треба да направат изненадување против Шпанија или да останат непоразени против Исланд.

Илјадарката на Кире

Капитенот на македонската репрезентација синоќа против Словенија го даде 1000. гол во дресот на репрезентацијата. Кире до првиот гол на мечот против Словенците даде 977 погодоци на официјални средби (квалификации, настапи на СП и ЕП).

Бледо издание на Македонија

Македонската ракометна репрезентација се соочи со првиот пораз на Мундијалот во Франција. Пораз од технички одлично поткованата Словенија која на чело со Веселин Вујовиќ нè надигра во сите сегменти од играта цели 60 минути.

Советите на Лино на тајм-аутите

Немавме можност во преносот против Тунис да чуеме што им кажуваше Лино Червар на своите избраници за време на тајм-аутите, ама затоа гледавме како судиите на моменти се губат во некои одлуки кои ги посочи и нашиот селектор. Червар: Судиите нè крадат, мора и нив да ги победиме.