ЕВРОПСКО ЈУНИОРСКО ПРВЕНСТВО ВО ПОЛСКА 2002 (4-то место)
Реномираниот македонски стратег и тренер на Пролет ги удри темелите на Европското младинско првенство во 2002-ра со генерацијата предводена од Кире, Мојсо и останатите кои тогаш го најавуваа бранот на успеси.
На ЕП 2002, имаше две групи со по шест селекции. Македонија ги совлада Чешка, Данска и Португалија, ремизираше со Југославија и загуби само од Хрватска. Тоа значеше историски пласман во полуфинале каде се сретна со домаќинот Полска.
Финалето го испуштија за влакно, откако загубија по две продолженија со 33:31. Во натпреварот за третото место следуваше пораз од Југославија од 33:30.
СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО ХРВАТСКА 2009 (11-то место)
Големите успеси во машкиот репрезентативен ракомет со него продолжија во сениорска конкуренција во Хрватска кога Македонија беше 11-та во свет. На македонките навивачи тој Мундијал им е во срце. Патуваа во огромен број и во Вараждин и во Задар и тоа беше празник во хрватските сали кои беа преполни со Македонци.
Во првата групна фаза имаа скор од 3 победи и 2 порази. Славеа убедливо против Алжир, и направија сензација против Полска која допатува како финалист од претходното СП, но си имаше работа со Кире Лазаров кој постигна 13 гола и Диви кој имаше 11 одбрани.
Во најважниот последен меч во групата Македонија ја прегази Русија со што за прв пат во историјата обезбеди пласман меѓу најдобрите 12 селекции во светот. Во 51 минута Борко му фати чиста топка на Дибиров, а Стефче Алушевски погоди со лоб за +7 и делириум во салата Вараждин.
(Одбраната на Борко е на 8:43 на видеото)
Дел од атмосферата по тој меч
СВЕТСКО ЈУНИОРСКО ПРВЕНСТВО ВО АЛЖИР 2017 (четвртфинале во тек)
Популарниот Ико на актуелниот Мундијал во Алжир покажа повторно дека знае како со младите од кои се очекува да ја пресликаат сениорската репрезентација. Тие синоќа го легнаа на колена домаќинот на првенството и се изборија за историско четвртфинале.
Инаку на Светското првенство учествуваат 24 земји поделени во шест групи. Македонија заврши како второпласирана откако ги совлада Русија, Буркина Фасо и Бразил, а загуби од Шпанија и Тунис. Откако во осминафинале го совладаа Алжир, во четвртфиналната фаза ќе се соочи со бранителот на титулата Франција.
За прв пат во историјата, Македонија има машка репрезентација меѓу осумте најдобри во светот во колективен спорт.
Хајлатс од триумфот против Алжир
Ико мајсторе во рацете на ракометарите по вчерашниот најголем ракометен успех за машкиот репрезентативен ракомет.